Додека ги чекав децата на ручек, се сетив на овој стар колач кој редовно го подготвував порано и ми беше еден од омилените. Ги обожавам чоколадните колачи, а кога во него ќе се додадат вишните, дава минимална киселост што дополнително го збогатува вкусот. Во продолжение може да прочитате уште еден рецепт за кремаст колач со вишни, наречен „Небесен“ колач. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ПРВ РЕЦЕПТ): 200 г остро брашно, 4 јајца (одвоени белки и жолчки), 150 мл сончогледово масло, 1 кесичка прашок за печиво, 1 кесичка ванилин шеќер, 2 лажици какао во прав, 6,5 лажици кристал шеќер (овојте 3,5 лажици во една чаша, а остатокот во друга), 150 мл млеко, 1 лимонов шеќер (опционално), 250 г замрзнати вишни или од компот.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ВТОР РЕЦЕПТ): 6 белки, 6 лажици шеќер, 4 лажици брашно, 14 лажици кокосово брашно. ЗА ПРЕЛИВ ОД ВИШНИ: 680 г вишни (или 1 тегла), 1 кесичка пудинг од ванила, 3 лажици шеќер. ЗА КРЕМ: 2 кесички пудинг од ванила, 4 лажици шеќер, 750 мл млеко, 500 мл шлаг. ЗА ЧОКОЛАДНА ГЛАЗУРА: 100 г чоколадо за готвење, 50 г путер (или маргарин).
ПОСТАПКА ЗА ПРВИОТ РЕЦЕПТ: Овие мраморен колач е совршен за некој што сака чоколадо и вишни. Може, но и не мора да ставате кесичка лимон затоа што се чувствува на вкус, па на некои не им одговара тој вкус. Загрејте ја рерната на 180 степени, намастете тавче со димензии 33×20 со путер или масло. Може да користите и калап со слични димензии.
Во подлабок сад соединете го лимоновиот шеќер, 3,5 лажици шеќер и ванилиниот шеќер, брашното и прашок за печиво. Во друг сад измешајте ги заедно жолчките, млекото и маслото, а во трет изматете ги белките во цврст снег. Во помал сад измешајте ги какаото, 3 лажици шеќер и уште малку млеко (издвојте од вкупната количина).
Во садот со суви состојки додајте ги жолчките, млекото и маслото кои треба да бидат изматени и соединети во хомогена смеса. Измешајте сè и додајте го снегот од белките, но постепено додавајте ги и не матете со миксер, туку нежно соединувајте ги во смесата, со шпатула. Додајте ¾ од смесата во тавата, а остатокот измешајте го со смесата од какао, млеко и шеќер.
Прелијте ја смесата со какао врз обичната смеса во форма на спирала и нежно исцртајте го секој дел од спиралата со вилушка за да создадете мраморен изглед. Над смесата излејте ги вишните. Ставете го колачот во рерна и печете 15-25 минути, а кога ќе ја извадите од рерна оставете да се излади. Врз овој колач можете да ставите шлаг, чоколаден прелив или шеќер во прав. Може да го послужите во форма на коцки со шолја кафе. / Coolinarka.com
ПОСТАПКА ЗА ВТОРИОТ РЕЦЕПТ: За бисквитот убаво се матат белките, па се додава шеќерот, па постепено на најниска брзина на миксерот брашното и кокосот. Внимателно прелијте на подмачкан и набрашнет плех и печете 15-20 минути на 180 степени. ЗА ПРЕЛИВОТ: Исцедете тегла вишни и во сокот сварете го со пудингот и шеќерот.
Потоа додајте ги вишните, оставете да зоврие, тргнете го од оган и прелијте го изладениот бисквит. Исто така можете и малку да го избоцкате бисквитот со чепкалка за подобро да се впие преливот. ЗА КРЕМОТ: Сварете пудинг од ванила (+ шеќер), изладете, па изматете го малку со миксер со претходно направениот шлаг да се разреди и премачкајте го врз оладениот колач.
Растопете ги чоколадото и путерот (маргаринот) полека на тивок оган и премачкајте ја тортата, изладете ја, исечете ја и уживајте во магијата на светлината и освежителниот вкус. Колачот го направив непланирано, а првичната идеја за кремот беше да се варат жолчките на пареа, да се свари 1 пудинг.
Потоа сѐ заедно да се измеша со шлаг, но поради недостаток на време ги оставив жолчките настрана и сè правев само со пудинг (жолчките се користеа за премачкување солени кифлички).
Koментар на Андреја: „Колачот е одличен! Сите што го пробаа, го пофалија. Јас го направив во плех 25х40 см, бидејќи ако се печеше во поголем плех, ќе ми беше прениска кората. Исто така ставив повеќе вишни отколку што е напишано во рецептот (имав замрзнато). Препорачувам!” / Сoolinarka.сom