За овој колач се вели, во што помал калап се направи, толку е повкусен бидејќи изгледа како да има повеќе фил. Во оригиналниот рецепт се ставаат само ореви, јас ги правев на два начина. Овој пат ставив и мелени бисквити и супер ми излезе колачот, ми се допадна. Овој колач се правеше многу одамна, а идеален е да си го направите кога ви недостасува уште едно колаче за празниците бидејќи се подготвува многу брзо и е сочно и вкусно.




Јас колачот го имав еднаш печено во калап со димензии 35х25 см и уште еднаш во плех со димензии 30х20 см, а вториот пат малку и го сменив соодносот на состојките. Мислам дека во помал калап повеќе ми се допадна. Состојките за филот останаа исти и за кората користев:




Две јајца, половина шолја шеќер, еден ванилин шеќер, една и пол шолја брашно, половина кесичка прашок за печиво, една шолја млеко, половина шолја масло и половина шолја ореви, а во продолжение прочитајте го најблискиот рецепт до оригиналниот, па одлучете како повеќе ви се допаѓа да си го направите.




Другарка ми го правеше по вторите мерки во калап 30х20, но таа додала и бадеми и лешници. Ова е нејзиниот коментар: „Чиста десетка од колач. Се разбира, имам намера пак да го правам, дури и во комбинација со бадеми или лешници… Сè треба да се проба. Јас го правев по овие мерки за плех 30х20 см, затоа се чини дека има повеќе фил.“ Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 јајца, 2 шолји шеќер, 1 кесичка ванилин шеќер, 3 шолји брашно, 1/2 кесичка прашок за печиво, 2 шолји млеко, 1 шолја масло, 1 шолја мелени ореви. ЗА ФИЛОТ: 10 лажици шеќер, 6 лажици вода, 100 г чоколадо, 125 г путер, 2 шолји ореви, 1 шолја мелени бисквити (плазма). Како мерка се користи чаша од 200 мл.




ПОСТАПКА: Изматете ги јајцата со шеќерот и ванилиниот шеќер додека да станат пенасти и шеќерот да се растопи, па на најмала брзина на миксерот додајте ги маслото, брашното измешано со прашокот за печиво, јаткастите плодови и млекото. Добро соединете ја смесата и истурете во намрсен и набрашнет плех.




Израмнете го колачот во плехот и испечете го во претходно загреана рерна на 180 степени. Колачот се пече 15-20 минути, во зависност од рерната. По печењето, проверете со чепкалка дали колачот е испечен. За тоа време, подготвувајте го филот:




ЗА ФИЛОТ: Во помало тенџере ставате 10 лажици шеќер со 6 лажици вода и вклучете ја ринглата на ниска температура. Кога шеќерот ќе се растопи, тргнете го од оган и додајте го путерот исечен на коцки, искршената чоколада и измешајте додека да се растопи. Потоа додајте ги мелените бисквити и оревите. Оревите може да бидат сомелени или многу ситно исечкани.




Излејте го филот врз изладената кора. Наросете ја тортата со мелени ореви или чоколадни трошки и исечете ја на правоаголници или коцки кога ќе се излади. ПОСЛУЖУВАЊЕ: Мој совете е да ја послужите на тенки штангли. Парчињата излегуваат убави, сочни, нималку суви, убави се и кога стојат подолго време и може да се смрзнат. / Coolinarka.com