Oваа пита е многу вкусна и според постапката многу наликува на сите останати пити кои се подготвуваат со готови кори. Според вкусот е иста како оние приготвени со домашни кори, не можете да препознаете разлика, а тоа се должи на едноставниот фил во кој натопуваат малите питички.




Порано нашите баби подготвуваа смеса од 2 состојки за премачкување, а денес ретко кој ја знае оваа комбинација. Затоа секоја старинска пита е многу сочна. Овие помали питички може да ги послужите за претстојните празници, а се послужуваат со секоја салата. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 4 јајца, 1 чаша јогурт, 1 чаша масло, 1 кесичка прашок за печиво, 500 г сирење (по ваш избор), 1 лажичка сол (во зависност колку сирењето е солено. Како мерка се користи чаша од 200 мл. ЗА ПРЕМАЧКУВАЊЕ УШТЕ ЌЕ ВИ БИДЕ ПОТРЕБНО: 1 јајце, малку јогурт и уште малку масло за премачкување.




ПОСТАПКА: Во еден подлабок сад изматете ги јајцата со жица-маталка, па во нив додајте една чаша јогурт (200 мл), а потоа со истата чаша измерете и додајте иста количина на масло. Доколку користите свинска маст, прво растопете ја, па измерете ја во чашата, пред да ја додадете во останатите состојки.




Добро промешајте за убаво да се изедначат сите состојки. Додајте го прашокот за печиво, па дегустирајте го сирењето, за да знаете колку е солено. Во посебен сад со помош на виљушка или со раце иситнете го сирењето, а може да користите и спремно ситно сирење за пити.




Иситнетото сирење додајте го во изматената смеса од јајца, јогурт, масло и прашок за печуво. Во смесата додајте малку сол, доколку фали. Во овој рецепт се става 1 мала лажичка сол. Промешајте да се распоредат состојките подеднакво, па преминете на подготвување на корите и филување.




Корите за пита отворете ги (ќе ви требаат вкупно 11 или 12 кори, поделете ги на 6 со 5 или 6 со 6 кори. Ставете една кора на рамна работна површина и одозгора премачкајте ја со малку масло/растопен путер/свинска маст, со четкичка. Ставете ја втората кора и филувајте ја. Претходно филот поделете го на половина, за да ви стигне и за вториот ролат.




Премачкувајте ја секоја наредна кора, сосе последната, додека да наредите 6 кори. Завиткајте цврсто во ролат, па на истиот начин подгответе го и вториот ролат. Ролатите ставете ги во фрижидер, да се стегнат 2-3 часа, а потоа може да ги замрзнете, ако не ги печете веднаш.




Доколку ги печете питите веднаш по ладењето, подгответе мешавина од 1 јајце со малку јогурт, па измешајте, додека да добие фина конзистентност со мала густина. Исечете ги ролатите на помали парчиња (обично од еден ролат треба да се добијат 12 помали ролати).

Само со едната поширока страна, натопувајте ги малите ролатчиња во смесата од јајца и јогурт и „легнувајте“ ги на плех, обложен со хартија за печење со премачканата страна одозгора. Питите наросете ги со сусам, пред да ги ставите на печење. Печете ги во претходно загреана рерна на 180 степени, 25-30 минути. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.