Направете си ги овие два вида предјадења со кои дефинитивно ќе ги изненадите сите. Она што е интересно за нив е што се јадат во еден залак, секое парче е многу вкусно. Ќе ви ја украсат празничната трпеза и сите ќе гледаат само во нив. Прочитајте ги овие рецепти кои се безвременски и се најпосакувани на било која трпеза.
ПРВ РЕЦЕПТ. Лесно направете прекрасно новогодишно предјадење кое ќе ја разубави секоја трпеза. Печурките со јајца, компири и сирење се толку вкусни што нема да можете да престанете да ги јадете, а се навистина лесни за подготовка. Состојките не се скапи, па за малку пари можете да го наполните целиот овал.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ПРВ РЕЦЕПТ): 2 варени јајца, 1 компир, 100 г тврд кашкавал, 50 г фета сирење, 1-2 лажици мајонез, црн сусам, неколку маринирани печурки (колку што ќе имате парчиња од смесата).
ПОСТАПКА: Сварете ги јајцата и компирите во посебни тенџериња, а потоа одвојте ги жолчките од белките. За овој рецепт се користат само белките, а жолчките може да си ги изедете или да ги послужите со мајонез. Оставете малку да се оладат, па изрендајте ги компирите, белките, кашкавалот и фета сирењето во еден подлабок сад.
Додајте мајонез и добро измешајте, додека да се формира кремаста смеса. Црпете од смесата приближно иста количина и со помош на дланките и најлонски ракавици обликувајте со раце, парчиња како стебло од печурка. Ако немате ракавици, обликувајте ги залчињата со помош на намастени или навлажнети раце со малку вода, да не ви се лепи смесата помеѓу дланките.
Потоа дното на парчињата ставајте го во црниот сусам и наредете на плех. Црниот сусам ќе помогне да не се залепи смесата на чинијата. Одозгора ставете маринирана печурка, која дава изглед на „капче“. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.
ВТОР РЕЦЕПТ. Славскиот овал како мезе е секогаш одлична комбинација која си одговара да се послужи со кифлички, пити, салати… Овие солени мини залаци се одлични за сервирање бидејќи се јадат први од сите јадења на трпезата. Први исчезнуваат од овалот и секогаш сите бараат да ја дополнам чинијата со нив.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ВТОР РЕЦЕПТ): 400 г пилешко филе, 150 г тврд кашкавал, 2 чешниња лук, сол, копар, зачини за пилешко, 120 г мајонез, 1 лажица масло. ЗА ПОСЛУЖУВАЊЕ: 100 г печени кикирики, маслинки, малку праз.
ПОСТАПКА: Ставете го пилешкото во сад, прелијте го со масло, наросете со сол и зачини за пилешко, измешајте и оставете да се маринира половина час. Потоа пропржете го месото во тавче со малку масло. Кога месото малку ќе се олади, исечкајте го на многу ситни парчиња.
Кикириките сомелете ги, кашкавалот изрендајте го, а копарот ситно исечкајте го. Во сад измешајте ги ситно сечканото пилешко, копарот и ренданото сирење. Додајте мајонез и издробен лук и измешајте сè. Од добиената смеса формирајте топчиња и секое валкајте го во мелени кикирики.
Исечете ги црните маслинки на половина, ставете по едно перце праз во двата отвори и ставете ги на врвот на топчињата (погледни слика и видео). Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.