Потребни состојки за 1 кора:
4 белки
100 г шеќер
3 лажици брашно
½ прашок за печиво
Потребни состојки за 2 кора:
4 белки
100 г шеќер
100 г рендано чоколадо
2 лажици брашно
Потребни состојки за 3 кора:
4 белки
100 г шеќер
100 г мелени лешници (претходно пропржени)
2 лажици брашно
Потребни состојки за крем:
12 жолчки
1 литар млеко
300 г шеќер
3 пудинзи од ванила
250 г путер/маргарин
100 г растопено чоколадо
100 г мелени лешници
Постапка:
Корите печете ги во тепсија 25х35 обложена со хартија, на температура од околу 190 степени, околу 10 минути, додека рабовите малку да заруменат.
Кремот сварете го како пудинг. Кога ќе излади помешајте го со пенесто изматен путер, па поделете го на три дела (оставете малку повеќе од жолтиот крем).
Во првиот дел додадете 100 г мелени лешници.
Во вториот додадете 100 г топено чоколадо.
Третиот дел останува жолт.
РЕДОСЛЕД: белата кора, крем со лешници, чоколадна кора, чоколаден крем, кора со лешници, жолт крем. Одозгора наросете со мелени лешници.