Home Рецепти СОЛЕНИ ШУБАРИ – брзо, едноставно и декоративно

СОЛЕНИ ШУБАРИ – брзо, едноставно и декоративно

Многу вкусна закуска за секаква пригода. Состојките по потреба и вкус може и да ги менувате.

Потребни состојки:

4 јајца, 12 лажици брашно, 200 мл јогурт, 1 прашок за печиво, 1 лажичка сол, 1 шолјичка масло, 1 морков, 1 китка магдонос

За фил:

250 г крем сирење, 100 г шунка, 1 варено јајце

За премачкување:

100 мл кисела павлака, 12 лажички мајонез, 150 г рендан кашкавал, 1 варено јајце

Постапка:

За кора: изматете јајце, посолете, додадете јогурт, масло, брашно помешано со прашок за печиво, рендан морков и сечкан магдонос, сето соединете го и печете на 200 степени околу 20 минути.

Кога ќе излади, со модла за крофнички извадете 24 тркалца.

За фил: измешајте крем сирење, сечкана шунка, рендано варено јајце и издробен остатокот од пандишпанот кој останал после вадењето на круговите.

Круговите пресечете ги на половина па спојувајте ги со филот.

<

Околу премачкајте со павлака, па валкајте ги во рендан кашкавал.

Одозгора секоја шубара премачкајте ја со мајонез и наросете со рендано јајце.

Украсете по желба.