Мора да ги пробате!
Потребни состојки:
300 г мелени плазма бисквити (или други, по ваш избор)
50 мл рум
100 мл сок по желба
250 г путер/маргарин за крем
250 г шеќер во прав
200 г чоколадо за готвење
60 г мелени лешници (претходно истостирани)
50 г кокос + малку за наросување
50 г желе бонбони
Малку масло за сјај на чоколадото
Постапка:
Бисквитите прелијте ги со рум и со сок. Во посебен сад изматете го путерот со шеќер во прав.
На пареа растопете 200 г чоколадо за готвење.
100 г додадете во путерот, а 100 г помешајте со малку масло па оставете на страна за прелевање на топчињата.
Путерот и чоколадото додадете ги во натопените бисквити, 60 г мелени лешници, 50 г кокос и 50 г сечкани желе бонбони.
Смесата добро измешајте ја (најдобро со миксер) и оставете на кратко во фрижидер да се стегне.
Формирајте топчиња со величина по ваш избор, па прелијте ги со чоколадо и наросете со малку кокос.