Овојпат во кујната на драгата баба се приклучи и дедото кој беше главен готвач. Подготви толку вкусно јадење што вреди сите да си го запишете рецептот и да го направите утре за ручек.

Комплетен ручек и тоа посен. Јелена Петровиќ вели дека уживаат додека го јадат и тоа без леб, мав и прават на цела тепсија. На дедото ова му е омилено јадење. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ за посен компир: 600 г компир, 30 г ориз, 1 голема главица кромид или 2 средни, сол и сув зачин по желба, малку лук во прав/гранули, а може и неколку чешниња свеж, 300 мл вода и 1 супена лажица инстант супа од печурки (посна).




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ за чорба: 1 литар вода, 200 мл зготвен домат (доматен сос/доматно пире или салца, 30 мл маслиново масло (може и обично масло за готвење), 1 свежа пиперка, сол и сув зачин по желба, свеж лист од магдонос и целер, посно фиде/тестенини без јајца




ПОСТАПКА: На самиот почеток вклучете ја рерната да се загрева на 200 степени, зашто јадењето се приготвува многу брзо. Компирот измијте го под млаз ладна вода, излупете го и исечете го на тенки плочки.




Сечениот компир ставајте го во ладна вода за да не потемне и да се испере од скробот. Исцедете го до водата, па намастете го со маслото и промешајте го, а потоа зачинете го со сол и сув зеленчуков зачин, мелен црн пипер, лук во прав по вкус.




Промешајте (најдобро со раце) за да се распоредат рамномерно сите зачини. Половината од вака зачинетите плочки од компир наредете ги во еден слој на дното од огноотпоред сад (или тепсија обложена со хартија) со величина 35х25 см.




Откако ќе го покриете дното на плехот со компир, врз него посипете измиен ориз. Потоа наредете кромид исечкан на плочки/тркалца кои исто така, претходно сте ги зачиниле. Одозгора распоредете го вториот слој од компир. Во посебен сад растворете една супена лажица крем супа од печурки (посна) со 300 мл ладна вода.




Промешајте и залијте го компирот (течноста е потребна за да се зготви оризот). Одозгора наредете парчиња филети риба (зачинети по вкус), напрскајте со малку маслиново или обично масло, завиткајте со фолија (колку да е покриено) и ставете да се пече во загреаната рерна на 220, 45-50 минути.




ЗА ЧОРБА: Во тенџере ставете 1 литар вода, додајте 200 мл доматен сос, малку маслиново масло. За да се подобри вкусот додајте целеров лист и една зелена пиперка пресечена на половина. Ставете на оган под капак да зоврие.

Посолете ја и зачинете по вкус, па додајте посни тестенини (или изматена лажица брашно за густина). Гответе уште неколку минути колку што е потребно да се зготви тестенината. Пред крај додајте свеж лист од магдонос. Деталите погледнете ги ОВДЕ.