Прекрасни големи топчиња полнети со суви смокви и ореви, со вкус на „рафаело“. Ова е еден преубав рецепт за претстојните празници кои многу убаво ќе се вклопат заедно со останатите колачиња.
Потребни состојки за бела смеса:
150 г шеќер
100 мл вода
125 г путер/маргарин
100 г кокос
125 г млеко во прав
Потребни состојки за кафеава смеса:
150 г шеќер
100 мл вода
125 г путер/маргарин
250 г мелени бисквити
3 лажици какао во прав
За фил:
10 суви смокви
100 г цели ореви
За валкање:
100 г кокос
Постапка:
Направете ја белата смеса: Сварете вода и шеќер, па додадете путер и варете уште неколку минути. Додадете кокос и млеко во птав. Матете со миксер па добро изладете.
Направете ја кафеавата смеса: сварете ја водата и шеќерот, додадете путер па варете уште неколку минути. Додадете бисквити и какао, па сето убаво промешајте го со лажица и изладете.
Смоквите потопете ги во млака вода на неколку минути, процедете ги и наполнете ги со ореви.
Со кафеавата смеса обложете ги смоквите и ставете ги во фрижидер околу 30 минути да се стегнат.
На крај обложете ги смоквите со белата смеса. Со раце формирајте ги топчињата и валкајте ги во кокос. Оставете ги топчињата еден час во фрижидер, па сечете ги на фелки.
Се добиваат 10 големи топчиња, кои кога ќе ги пресечете на половина, па секоја половина на 4-5 делови, вкупно добивате повеќе парчиња. Сечете со скалпел или со остар нож.
coolinarika.com