Постојат голем број рецепти на интернет за „колач за 5 минути“, но по правило тоа се колачи во чаша, во шолја… но ова е нешто друго, ова е вистинска торта!

Потребни состојки:

2 јајца

12 лажици шеќер

12 лажици млеко

12 лажици масло

2 лажици какао

12 лажици брашно

Малку цимет (по желба)

1 прашок за печиво

За прелив:

200 мл слатка павлака

100 г млечно чоколадо

Малку мелени ореви

Малку млеко

Постапка:

Микробрановата печка треба да биде наместена на 800 W, кај повеќето модели тоа значи на максимална јачина. Подгответе огноотпорен калап од 22 см.

Јајцата со жица добро изматете ги, по ред додадете ги останатите состојки, па смесата излејте ја во огноотпорниот сад. Микробрановата наместете ја на 5 минути.

Загрејте ја слатката павлака и во неа растопете го чоколадото.

Кога тортата е готова, почекајте неколку минути, а потоа буквално превртете ја на чинија и прелијте со растопено чоколадо. Украсете со мелени ореви.

Recepti.com