Доколку применувате протеинската исхрана и сте во потрага по вкусни и здрави колачи кои можат да ви ја заситат потребата за благо, а притоа да не чувствувате вина што сте ги изеле, овој рецепт е за вас. Овие колачиња постојано ќе ги јадете, зашто се многу сочни и меки.
Протеински колачиња кои се многу вкусни, а нивната едноставна подготовка ќе ве изненади што дури може да ги направат и деца. Толку се вкусни, не содржат бел шеќер, ниту јајца, содржат многу малку јаглехидрати, а не се ни печат, само е потребно да ги измешате состојките и да почекате смесата да се олади и стегне во фрижидер.
Еве јас ќе ви споделам мое искуство, овие колачиња ги јадев многу често, а сепак внимавав на исхраната, па сепак успеав да ослабам. Ем среќна, ем вита, доколку имате баланс во исхраната и редовна физичка активност, резултатите се загарантирани.
Дури и на моите дечиња им ги правам да си ги јадат за ужинка бидејќи се многу здрави, поздрави од обичните колачи кои се преполни со шеќери. Еве што ви е потребно за да ги подготвите, а во продолжение прочитајте ја и постапката:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 250 г паста од кикирики (путер), 100-150 г кокосово брашно во зависност од конзистентноста на смесата, 50 г засладувач (мед, јаворов сируп, стевија). ЗА ГЛАЗУРА: 50 г какао, кокосово млеко и засладувач по вкус.
ПОСТАПКА: За да ја подготвите смесата за тесто, потребно е во еден сад да го соедините путерот од кикирики кој може да го направите во домашна варијанта. Потоа додајте 100 г кокосово брашно, а останатите 50 г додавајте ги постепено, доколку е потребно.
Додајте го природниот засладувач, тоа може да биде мед, стевија, јаворов сируп. Смесата треба да биде густа, но сепак лесно да се излева во калап. Во некој калап со флексибилен обрач излејте ја смесата, тоа треба да биде помал бидејќи од оваа количина излегуваат помалку состојки, а по желба дуплирајте ја дозата.
Смесата лесно се натапкува и убаво се израмнува. Се покрива со стреч фолија и се става во фрижидер на 2-3 часа да се излади. Пред да го извадите колачот од фрижидер подгответе ја глазурата со 50 г какао. Истурете малку млеко додека да се направи течна глазура, а потоа додајте засладувач по вкус.
Глазурата се излева врз колачот, а потоа се сечат коцки кои можете веднаш да ги послужите. Овие протеински колачиња се многу вкусни, а некои ги споредуваат дека се повкусни и од Сникерс. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.