Кој еднаш го направи овој мајонез, повеќе нема да го сака купечкиот. Овој мајонез освен што е посен, многу е повкусен од обичниот, а се приготвува за само 52 секунди. Постапката е прелесна, па секој може да си го приготви овој вкусен намаз и да ужива во неговиот вкус. Еве што ви е потребно:
![]()
![]()
![]()
![]()

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 200 мл масло, 100 мл соино млеко (или некое друго растително млеко), 1 лажичка сол (5 г), 1 лажичка мелен црн пипер (2 г), 1 супена лажица сенф (30 г), 1 супена лажица лимонов сок (10 мл)

![]()
![]()
![]()
![]()
ПОСТАПКА: Во висок длабок сад за матење или широка чаша ставете една чаша масло за готвење (најдобро е сончогледово, неутрално, но може и некое ладно цедено по ваш избор, па додајте половина чаша соино млеко.

![]()
![]()
![]()
![]()

Освен соино млеко може да употребите бадемово, оризово или какво било друго растително масло добиено од јаткасти плодови или житарици. Потоа додајте ги зачините, една лажичка сол и малку црн пипер (половина до една мала лажичка).

![]()
![]()
![]()
![]()

Она што ќе ја даде густината на мајонезот е сенфот, па додајте една полна супена лажица сенф или 30 г и на крај додајте малку свежо исцеден лимонов сок, приближно една супена лажица или по вкус.

![]()
![]()
![]()
![]()

Она што преостанува е да го ставите рачниот блендер целосно до дното во садот/чашата и да започнете со миксање. Ќе забележите дека за неколку секунди ќе почне да се формира густ слој со светла боја.





Започнете блендерот да ги движите постепено нагоре, но и да се враќате по малку надолу, по едно-две „скалила“ и сè така додека се згуснува смесата. Движете се горе-долу со блендерот уште неколку секунди.

![]()
![]()
![]()
![]()

Целата смеса треба да биде густа и изедначена. Вашиот мајонез е готов и можете да го претурите во соодветен сад и веднаш да го употребите за јадење, или да го сочувате во фрижидер неколку дена. Деталите од целата постапка погледнете ја ОВДЕ.































