Вкусна и лесна за приготвување. Можете да ја приготвите во посна варијанта доколку користите посни намирници. Најдолу во рецептот е понудена втора верзија од овој вкусен колач.
Потребни состојки:
1,5 литар млеко
Шеќер по вкус
6 пудинзи од ванила
250 мл слатка павлака
2 шлагфикс
250 г мелени бисквити
200 г кокос
100 г мелени бадеми
100 г чоколадо
Постапка:
Сварете 6 пудинзи од ванила во 1,5 литар млеко (200 мл млеко се одзема за да се измеша пудингот во прав).
Шеќер ставете по желба.
Направете шлаг од 250 мл слатка павлака +2 шлагфикс и измешајте ги со изладениот пудинг.
Смесата поделете ја на 3 дела…
Во 1 дел ставете 250 г мелени наполитанки (може било кои бисквити)
Во 2 дел додадете 200 г кокос
Во третиот дел ставете 100 г мелени бадеми и 100 г топено чоколадо. Наместо бадеми може ореви, лешници…
Редење:
Во калап 24-26 см претходно малку намастен, рамномерно се распоредува 1 смеса, врз неа 2, потоа смеса 3.
Се остава во фрижидер околу 1 час да се стегне, па се послужува.
ВТОРА АЛТЕРНАТИВА:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
- 1500 мл вода или сок од портокал
- 6 кесички пудинг од ванила
- 500 г шеќер или по вкус
- 3 ванилин шеќер
- 2 посни маргарини (500 г вкупно)
- 500-300 г посни мелени бисквити
- 300 г кокос
- 300 г мелени ореви или лешници
За глазура:
- 150-200 г посно чоколадо
- 3 лажици масло
- се растопуваат и се прелеваат преку тортата.
- Калапот мора да биде 28 см.
Постапката за приготвување е иста: Се варат пудинзите со водата/сокот и шеќерот, а откако ќе излади, во пудингот се додава пенасто изматениот маргарин. Смесата се дели на три дела и во секој се става кокос/бисквити/ореви. Се филува и се прелива со глазура. По ладењето во фрижидер се сече и послужува.
coolinarika.com