Кога станува збор за одржување на килограмите на здраво ниво, важно е да следите некои основни правила, пред сè за да се намали вишокот. Без некои посебни рецтриктивни диeти, храната која што ја јадете треба да се заснова на овошје, зеленчук, јатки, а да се избегнува пржена и мрсна храна, леб, благо и останатата храна која содржи заситени масти и јаглехидрати.




Всушност, доколку го практикувате овој метод, а покрај тоа редовно консумирате течности, како вода и билни чаеви и имате редовна физичка активност, па макар и да е едночасовно шетање во природа, килограмите и вишокот на вас, ќе почне да се намалува.




Сепак, тоа не значи дека треба целосно да се лишитe од благото, можете да го замените со некои други поздрави намирници, кои може да ви ја заситат потpебата за благо и да ве обезбедат со нутриенти, многу подобро отколку обичните чоколади.




Следниот рецепт му е омилен на фудбалерот Pоналдо, а толку е едноставен и се подготвува од неколку основни состојки, што секој може да си го направи. Оваа количина може да ви трае со денови, а колачот може да го чувате во фрижидер. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 380 г овесни снегулки, 5 банани, 45 г какао без шеќер, 2 г цимет (прстофат). ЗА ГЛАЗУРА: 100 г темно чоколадо, 20 г масло по ваша желба. Поради големата количина на банани, не се додава шеќер и се препорачува да се изедат по 1-2 коцки, дневно.




ПОСТАПКА: Овесните снегулки ставете ги во нелепливо тавче на рингла. Вклучете ја ринглата да се загрее на средна температура и пропржете го овесот околу 2-3 минути. Тргнете го тавчето од рингла и почекајте овесот да се олади.

Настрана излупете 3 банани, исечете ги на помали парчиња и со рачен блендер или со задниот дел на една виљушка издробете ги додека да се добие еднолична паста, без поголеми остатоци од бананите.




Во бананите додајте го какаото и наросете прстофат цимет во прав. Енергично измешајте ги состојките, додека да се добие чоколадна, потечна смеса. Во оваа смеса ставете го пропржениот овес и убаво соединете додека да се измешаат сите овесни снегулки во смесата.




Во еден помал калап, распоредете половина од смесата, да биде минимум 2 прста висока, па добро израмнете го колачот одозгора. Останатите 2 банани исечете ги на кругови и распоредете ги врз првата половина, а одозгора излејте ја втората половина од смесата и повторно истапкајте и израмнете. За колачот да биде уште повкусен, на рингла растопете 100 г темно чоколадо со малку масло и чоколадната глазура излејте ја преку колачот.




Колачот веднаш се става во фрижидер да се стегне добро, а потоа се сече на помали коцки. Доволно е дневно да изедете 1-2 коцки од колачот, а остатокот чувајте го за останатите членови или за следниот ден во фрижидер. По желба, можете да експериментирате со смесата, така што може да додавате мелени урми, ореви итн..

Доколку додавате урми, суви сливи или некое друго суво овошје, во тој случај, намалете ја количината на банани, за колачот да не биде премногу благ. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.