Евтин и без јајца, сочен колач за сите пригоди и сите можат да го направат, а идеален е за оние што постат.
Потребни состојки:
шолја од 250 мл
1 шолја млеко (обично, посно или вода)
1 шолја шеќер
2 шолји брашно
3 лажици какао
1 прашок за печиво
5 лажици масло
5 лажици џем
За прелив:
200 мл млеко (обично, посно или вода)
1 пудинг од чоколадо
5 лажици шеќер
За наросување: шеќер во прав
Постапка:
Вклучете ја рерната на 220 степени.
Се користи помал четвороаголен калап а колачот се сече на коцки. Јас користев калап 24 см, обложен со хартија.
Се мешаат сите состојки за колачот и со електричен миксер се соединува во компактна смеса.
Се истура во калапот и се пече во загреана рерна на 220 степени, околу 25 минути.
За прелив се меша млеко, шеќер и прашок за пудинг.
Печениот колач го вадиме од рерна па сечеме коцки или правоаголници, а потоа одозгора го истураме преливот, внимавајќи да навлезе и онаму каде сме сечеле со ножот.
Вака залиениот колач се враќа во рерна и се пече уште 8 минути.