Овие колачи ми ја красат кујната веќе цел месец. Ги правам секоја недела по еднаш, а дечињата сакаат да ги јадат дури и почесто. Изглегуваат многу колачиња, приближно 20-тина, но зависи и од плехот и чашата која ја користите за вадење на колачињата.




Колачињата имаат ароматичен, цитрусен вкус кој не доминира премногу, напротив, многу се лесни, меки и воздушести, подобри се и од пиварките, кои се исто лесни колачиња, лапни-голтни. Еве што ви е потребно да ги направите:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 јајца, 120 г шеќер, 10 г ванилин шеќер, 120 мл млеко, 120 мл сончогледово масло, 200 г брашно, 12 г прашок за печење, малку рендана кора од лимон, 1 голема лажица лимонов сок, 200 мл слатка павлака, 200 мл сок од портокал (ако е купечки, треба да биде незасладен).




ПОСТАПКА: Сите состојки кои се чуваат во фрижидер треба да бидат на собна температура. Во еден подлабок сад скршете 3 јајца, додајте 120 г шеќер и 10 г ванилин шеќер. Започнете да ги миксирате состојките, додека јајцата да станат пенасти, а шеќерот да се растопи.




Потоа додајте 120 мл млеко и 120 мл масло, додека непрекинато матите со миксерот. Инкорпорирајте ги состојките во фина и еднолична смеса, со конзистентност како онаа за палачинки, па потоа на крајот додајте го брашното, измешано со прашокот за печење.




Ќе забележите дека по соединување на претходно набројаните состојки, смесата ќе го удвои својот волумен, па затоа по додавање на брашното и прашокот за печиво, мешајте ја смесата со шпатула, за смесата да не спласне. За колачињата да имаат цитрусен вкус, додајте малку рендана кора од лимон и 1 лажичка лимонов сок и добро соединете.




Излејте ја смесата во калап со димензии 30х40 см, обложен со хартија за печење и добро израмнете ја. Печете ја кората во претходно загреана рерна на 180 степени, околу 25 минути. По печењето, кората се остава добро да се олади, а во меѓувреме се миксира слатката павлака во цврст шам и се подготвува сокот од портокал (најдобро е да биде домашно, свежо исцеден).




Кога кората ќе се излади, со чаша со нормална големина вадете крукчиња од колачињата. Извадете колку повеќе можете, обично со нормална големина на чаша излегуваат по 4 колачиња во еден ред, а вкупно 5 такви редови.

Вака подготвените колачиња редете ги на друг плех и врз секоја кора премачкувајте со сокот од портокал, со помош на кујнска четкичка, да впие во кората. Потоа шлагот кој претходно го измиксавте, ставете го во кесичка или кујнски шприц и филувајте кула од него, врз секоја кора од колачињата.

Да не заборавиме, кога ги вадите колачињата од кората со помош на чаша, краевите кои што ќе ви останат како вишок, изблендирајте ги или изронете ги со прстите, па потоа обложете ги целите колачиња со трошките од кората врз шамот.

Дополнително кој сака, одозгора може да нароси шеќер во прав. Колачињата може веднаш да ги послужите или да ги ставите во фрижидер до послужувањето. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.