Во продолжение прочитајте го рецептот за најбараната салата со тестенини, поразлична од сите досега. Може да ја послужите како главна кралица на салатите за слава или да си ја направите како прилог за ручекот со вкусна чорбичка. Прво прочитајте го рецептот за чорба со боранија, а подолу можете да го најдете и рецептот за салатата, која сите ја фалат.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА ЧОРБА: 500 г боранија, 4 компири, 2 моркови, 1 главица кромид, 3 чешниња лук, 250 г доматен сос, 1 лажичка босилек, 1 лажичка црвена зачинска пиперка, 20 мл маслиново масло, 1 лажичка сол.
ПОСТАПКА ЗА ЧОРБАТА: Подгответе го зеленчукот така што кромидот ќе го излупите, па ќе го исечкате на ситни коцки и ќе го складирате настрана. Истото направете го и со неколку чешниња лук и морковите. Овие состојки ставете да се пропржат во загреано маслиново масло во тавче околу 7 минути на умерен оган.
По изминатото време, кога зеленчукот ќе почне да ја испушта својата арома посолете по вкус и додајте малку црн пипер. За тоа време, компирите измијте ги на неколку наврати и исечете ги на коцки. Додајте ги компирите во тавчето со останатите зеленчуци и прелијте со 250 мл вода. Гответе под капак.
Боранијата се става во зовриена солена вода да се вари 5 минути, а потоа се префрла во сад со ладна вода и се остава уште 5 минути. Овој процес се нарекува бланширање, кој овозможува боранијата да остане крцкава и по готвењето. Во тавчето додајте ја бланшираната боранија и додајте уште 250 мл вода.
Гответе 25 минути на умерен оган. На крај додајте го доматното пире, босилекот и црвената пиперка. Гответе уште 5 минути на умерен оган и чорбата е готова. Дегустирајте ја и по потреба зачинете по вкус. Во продолжение прочитајте го рецептот за салата:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА САЛАТА: 200 г макарони, 250 г говедска шунка, 120 г варена пченка, 120 г грашок, 100 г зелени маслинки, 3 лажици мајонез, 1 лажичка сенф, 1 лажичка сол.
ПОСТАПКА ЗА САЛАТАТА: Макароните се варат во солена и зовриена вода. Може да користите макарони со форма по ваша желба. Подобро е да користите шарени макарони за салатата да биде повпечатлива. Макароните се варат според времето пропишано на кесичката.
Во меѓувреме, сварете ја пченката со сосем малку сол, а исто така и грашокот кој е доволно да се свари кратко време додека да омекне. Шунката исечкајте ја на коцки, маслинките на половина и отстранете ја семката од секоја маслинка.
Соединете ги состојките во еден сад, макароните процедете ги, исто и пченката и грашокот, па во садот каде што ќе ја послужите салатата додајте ја шунката сосе маслинките. Настрана подгответе го сосот за салата од мајонез, сенф и малку сол.
Прелијте го сосот врз состојките и измешајте додека целата салата да стане кремаста. По желба, може да додадете малку маслиново масло (но и не мора, бидејќи мајонезот е доста мрсен) и да декорирате со ситно сечкан магдонос. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.