Уште еден колач кој лесно се приготвува, а гарантира уживање.

Станува збор за колач од фина, сочна чоколадна кора, со вкусен бел млечен крем прекриен со чоколадо.

Потребни состојки:

5 јајца
5 лажици брашно
5 лажици шеќер
1 лажица какао
700 мл млеко
250 г шеќер
13 лажици брашно
250 г путер/маргарин
300 мл вода
150 г шеќер
30 мл сок од лимон
150 г чоколадо

Постапка:

КОРА: 5-те јајца изматете ги со 5 лажици шеќер и 5 лажици брашно и додадете им 1 лажица какао.

Сето тоа соединете го и испечете го пандишпанот. 

Печете прво на 180 степени околу 10 минути, па уште 5 минути на 220 степени.

ФИЛ: 700-те милилитри млеко згответе ги со 250 грама шеќер и додадете им 13 лажици брашно. Згответе ја смесата како пудинг. 

Во изладениот фил додадете еден маргарин/путер и изматете го кремот додека да стане пенаст.

ПРЕЛИВ: 300-те милилитри вода згответе ги со 150 грама шеќер, и додадете сок од еден лимон.

Кората прелијте ја со преливот и премачкајте ја со кремот. Врз сето тоа ставете глазура од чоколадо.

ГЛАЗУРА: 150 грама чоколадо растопете со 2 лажици млеко и една лажица масло.