Потребни состојки:
5 јајца
500 г сирење
500 г тенка кора
150 мл кисела вода
1/2 кесичка прашок за печиво
3 лажици павлака
1 лажичка сол
Постапка:
Изматете ги јајцата со кисела вода, прашок за печиво, сол, сирење и павлаката. Подмачкајте го плехот па поставете му две тенки кори.
Потоа, по две – три кори гужвајте, валкајте ги во смесата со јајца и редете ги на плехот додека не ги потрошите сите состојки.
На крајот, гибаницата прекријете ја со преостанатите кори и ставете ја да се пече во загрена рерна на 200 степени околу половина час.