Ви претставуваме трик кој штеди пари и време, а ги воодушеви сите домаќинки ширум светот. Ова е наједноствниот начин за чистење со помош на лушпи од јајца во комбинација со уште неколку евтини состојки.




Ако сте градинар, лушпите од јајца сигурно ги чувате во текот на зимата за да им обезбедите на вашите растенија идеална грижа во пролетта. Не е тајна дека јајцата се полни со протеини, витамини и минерали и се една од најхранливите намирници на планетата.




Во светот, просечен човек конcyмира околу 150 до 200 јајца годишно. Лушпите од јајцата се составени од 96% кристали на калциум карбонат и се совршено ѓубриво за вашата градина. Наместо да ги фрлате, едноставно иситнете ги и наѓубрете ја почвата со нив.




Освен што се погодни за човекот, за јакнење на коските и како лек од остепороза (рецептот можете да го најдете на НМД), исто така, лушпите од јајца ако се растопат во паста од сода бикарбона и лимонов сок, од нив ќе добиете и совршено средство за чистење на најзакоравените и загорени масни дамки од тенџерињата и тавите. Еве што ви е потребно:




ПАСТА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ЗАКОРАВЕНИ МАСНИ ДАМКИ ОД ТЕНЏЕРИЊА И ТАВИ – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: Една лажичка од која било паста за заби (најдобри за оваа намена се белите пасти), 1 мала лажичка сода бикарбона, лушпа од едно јајце, неколку капки лимонов сок




ПОСТАПКА: Во еден помал сад ставете една полна лажица паста за заби. Може да користите каква имате во моментот, за овој трик сите пасти делуваат ефикасно, но доколку можете да бирате одберете бела паста која е на база на сода бикарбона (за белеење).




Во пастата за заби додајте една лажичка сода бикарбона, па промешајте за да се соединат. Настрана скршете едно јајце (ако не сте сочувале од претходно), а лушпата ставете ја во некоја кесичка.




Иситнете ја лушпата колку што можете повеќе и додајте ја во мешавината од паста и сода бикарбона. На ова додајте малку лимонов сок, колку да се разреди мешавината, но сепак да остане густа.




Добро измешајте, а потоа нанесете ја добиената паста врз закоравените масни дамки на тенџерето или тавата (површината која сакате да ја исчистите). Оставете да делува половина час, а потоа истријте со сунѓер и пребришете со крпа. Деталите погледнете ги ОВДЕ.