Потребни состојки:

150 г свежо сирење

4 големи лажици млеко

1 јајце

4 големи лажици масло

250 г брашно

1 прашок за печиво (јас ставам половина за оваа количина на брашно)

1 лажичка сол

За фил:

150 г тенко сечена шунка

100 г тенко сечен кашкавал

За премачкување: малку млеко или

1 мало јајце и семки (сусам, сончоглед), ким, рендано сирење…

Постапка:

Измешајте го сирењето со млекото, јајцето и маслото. Брашното просејте го и додадете прашок за печиво и сол. Промешајте ги наведените состојки и замесете тесто.

Тестото развлечете го во лист со величина од околу 36х36 см. Од него исечете квадрати 9 см. На парчињата наредете парчиња кашкавал и шунка, па свиткајте како ролат. Добро притиснете ги рабовите за да не истече кашкавалот.

Редете ги на плах обложен со хартија, премачкајте ги со млеко, а можете и со јајце, па одозгора на наросите семки и семе, па печете во рерна на 180 степени околу 15-20 минути.

Брзо и вкусно!

coolinarika.com