Ружички од баклава – старинска пита која ќе ве освои со првиот залак. Ако сакате да приготвите баклава со домашни кори, тогаш следете го ОВОЈ рецепт. Ако користите купечки кори, тогаш постапката прочитајте ја во продолжение:
Потребни состојки: 10 листови тенка кора за баклава, 150 г путер, 70 мл масло, 200 г мелени ореви, 100 г сечкани ореви, 150 г мелени бисквити +- За шербет: 500 г шеќер, 500 мл вода, 1 кесичка ванилин шеќер
Постапка: путерот и маслото загрејте ги на ниска темпоература за да се растопи путерот. Соединете со мелените бисквити, мелените и сечканите ореви. Рерната загрејте ја на 180 степени.
Соединете шеќер, ванилин шеќер и вода, па ставете на оган да зоврие. Кога ќе зоврие намалете ја температурата, па гответе околу 15 минути. Тргнете од оган и оставете да се лади (не треба целосно да биде ладен сирупот!)
На работна површина ставете го првиот лист кора, испрскајте го со растопениот путер, па премачкајте со четкичка. Врз премачканата кора ставете втор лист, па и него премачкајте го со смеса од путер и масло.
Одозгора наросете мешавина од ореви и бисквити. Поклопете со трета кора па повторете ја постапката. Постапката повторете ја и со четврттата и петатта кора.
Потоа свиткајте ги корите во ролат, па со остар нож сечете на парчиња со дебелина од 2 см. Редете во плех, премачкан со путер. На истиот начин пригответе уште еден ролат со 5 кори. Одозгора сипете растопен путер.
Печете во загреана рерна на 180 степени 30-тина минути. Печената пита полејте ја со шербетот и оставете да излади. Послужете со кафе.
сoolinarika.сom