Иако болката во забите во текот на трчањето не мора да биде голем проблем, од друга страна може да упатува на сериозни здравствени проблеми.
“Доколку почувствувате болка во забите додека трчате, постојат неколку потенцијални проблеми” – вели познатиот стоматолог и член на Академијата за спортска стоматологија Џефри Лубмајер.
Да започнеме прво со добрите работи! Додека вашите стапала го допираат тлото во текот на трчањето, силите кои влијаат врз движењето се движат нагоре во вашето тело.
Меѓутоа, доколку цврсто ја стискате вилицата или чкрипите со забите, правите голем притисок врз вашите заби.
Ова е една од најчестите причини за болка во забите, а решението за тој проблем е многу едноставно:
Се препорачува да водите сметка за апсорпција на силите, односно да не притискате со стапалата премну силно врз подлогата.
Меѓутоа, болката во забите за време на трчањето може да биде и знак за различни здравствени потешкотии. Како прво, тоа би можело да биде сигнал за синусни инфекции.
Кај голем број луѓе корените на горните заби се поврзани со максиларните синуси, најголемите синусни канали кои се протегаат под образите па се до бочните страни на носот.
Доколку овие синусни канали се иритирани или под вилание на некоја инфекција, преку нервите таа болка ќе се пренесе на коренот од забите. Па така, при трчањето ќе дојде до остра болка во забите.
На кои други здравсвтени проблеми може да укажува болката во забите?
Болка во текот на трчањето може да значи и различни дентални проблеми, како инфекција и кариес.
Кога се бавите со било кој вид на тренинг, го зголемувате крвниот притисок кој предизвикува брз проток на крвта кој само дополнително ќе го зголеми дрјството на инфекцијата.
Кариесот од друга страна е доста болен, бидејќи доаѓа до изложеност на забите со воздухот при трчањето и дишењето.
Кога трчате, особено ако надвор е ладно, со дишењето внесувате ладен воздух кој ги стимулира нервите и предизвикува болка.
За среќа, кај повеќето луѓе овие проблеми не се така изразени, но доколку забележите блага болка во текот на трчањето, тоа може да биде аларм дека некои од симптомите се развиваат.
Пред да да започнете со трчење, најдобро е да направите детален лекарски преглед, што вклучува и посета на стоматолог.