Некои луѓе не можат да си замислат да си легнат навечер без да јадат. Недоволното јадење во текот на денот природно може да предизвика континуирано ocлободување на грелин бидејќи телото нема доволно енергија (која се добива од храната), што всушност нè држи будни, кој е природниот инстинкт по потрага по храна.




Затоа е важно да јадете доволно во текот на денот за да не се доведете до ситуација која може да ви го поремети целиот баланс на спиењето, па дури и xopмоните. Храната која е нутритивно богата е онаа која му дава здрава енергија на нашето тело, додека шеќерите доведуваат до брз наплив на енергија, кој е краткорочен.




Луѓето кои не можат да си замислат да си легнат без да јадат потребно е да почитуваат неколку правила: Храната да не биде премногу масна и калорична, не се препорачува месо и леб, а најдобро е да се јаде храна базирана на овошје, зеленчук и јатки, најмалку 2-3 часа пред легнување.




Мариа од каналот „Здрави рецепти“ ја сподели својата тајна кон одржување на витата линија и како таа cлабее по 3 кг кога тоа ѝ е потребно. Таа вели дека овие плескавици, кои се многу сочни, ги јаде навечер. Плескавиците се прават од здрави состојки, не се масни и се нискокалорични. Еве кои состојки ви се потребни:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 200-300 г карфиол, 50 г овесна каша се прелива со врела вода и се остава настрана 10 минути, 1 кромид, 1 лажица овесно брашно, сол и црн пипер по вкус, половина сок од лимон, презла или лебни трошки, малку масло за пржење.




ПОСТАПКА: Карфилолот се сечка на ситни парчиња, се мие под млаз вода и се става да се вари во тенџере со солена вода, додека да омекне. Во меѓувреме, 50 г овесна каша се истура во подлабока чинија и одозгора се прелива со врела вода и се остава да кисне 10 минути.




За тоа време, 1 главица кромид, се лупи, па се сече на многу ситни коцки. Исечениот кромид се префрла во подлабок сад каде што ќе ја подготвувате остатокот од смесата. Овесните снегулки се цедат од водата и се додаваат во кромидот.




Кога карфиолот ќе се свари и ќе омекне, се процедува и се остава малку да се олади, па се додава во смесата. Сите состојки се мешаат со лажица додека да се формира комапактна смеса, нешто слична како пире, дури и малце погуста. Доколку ви е полесно, претходно може да го изгмечите карфиолот или ситно да го исечкате.




Во смесата додајте 1 лажица овесно брашно, сол и црн пипер по вкус и половина лажица исцеден сок од лимон. Убаво измешајте, па дегустирајте ја смесата, дали е доволно зачинета по ваш вкус. Ако смесата е премногу ретка, во неа додајте уште 1 лажица овесно брашно и измешајте додека да добиете густа конзистентност.




Едно тавче се намастува со малку масло само на површината и се пушта да се загрее ринглата на која сте го ставиле тавчето. Од смесата која ја подготвивте формирајте плескавици со помош на метален обрач за колачиња или со раце. Смесата од плескавици треба да биде добро стегната за да не се распаѓаат.




Како мерка за плескавиците, може да користите 1 голема лажица или 1 1/2, зависи во која големина ќе ги правите. Ако ги правите според овој рецепт, дебелината на плескавиците е околу 1,5 прст, а се помали. Во тој случај се пржат од двете страни по 7 минути додека убаво да заруменат и да фатат коричка. Доколку плескавиците ги правите потенки, пржете ги помалку. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.