Потребни состојки:

500 г кори за пита

6 јајца

600 мл јогурт

100 мл масло

180 мл кисела павлака

10 г прашок за печиво

сол

Постапка:

Со виљушка изматете ги јајцата заедно со кисела павлака, сол и прашок за печиво, па спојте ги со јогуртот и маслото.

Плехот со величина 21х36 см намастете го и обложете го со најдебелата кора во пакувањето (или 2). Останатите кори преклопувајте ги како кога правите лепеза, а секој преклоп да биде околу 6 см ширина.

Во зависност од величината на корите и плехот, виткајте ги корите по ширина или по должина. Внимателно распоредете го филот меѓу фалтите.

Кората која ви виси преку плехот соберете ја од страните.

Печете на 220 стапени околу 30 минути, па намалете на 180 и печете уште 30 минути.

Преку врело печената пита ставете мокра памучна крпа и оставете ја така околу 30 минути питата да омекне. А доколку ја сакате крцкава, тогаш прескокнете го овој чекор.

coolinarika.com