Јафа топчиња без млеко и путер – готови се додека трепнеш (посно)

Потребни состојки:

300 г бисквити со вкус на какао

150 мл сок од портокал

1 ванилин шеќер

2 големи лажици џем од кајсија

1 ред чоколадо за готвење (50 г)

рендана кора од портокал

1 лажица мед

Постапка:

Бисквитите сомелете ги или добро иситнете ги, прелијте ги со сокот, промешајте, додадете мед, џем, ванилин шеќер и растопено чоколадо, па на крај додадете и рендана кора од портокал.

Сите состојки добро промешајте ги додека се соединат (најдобро со рака).

Ставете во фрижидер да се стегне половина час па потоа обликувајте ги топчињата. Додадете уште малку бисквити ако ви се чини смесата многу мека. Топчињата валкајте ги во мелени бисквити или по желба.

Тестото можете да го завиткате во фолија во некој калап па подоцна да го сечете, а може да употребите и друг вид на бисквити па да додадете 1-2 лажици какао.

Исто така, по вкус можете да додадете уште чоколадо или шеќер ако сакате поблаго.

coolinarika.com

Loading...