Превкусни се, згодни за секоја прилика и особено ги сакаат децата!
Потребни состојки:
150 г путер
200 г кашкавал (гауда или сл.)
1/2 чаша (од 180 г) павлака
1 жолчка
1/2 лажичка сол
1 лажичка црвен пипер
на врв од ножот црн пипер
1/2 лажичка прашок за печиво
230 г брашно
И уште:
1 жолчка
1 лажица масло
50 г сусам
Постапка:
Путерот омекнат на собна температура изматете го, додадете жолчка, сол, црвен и црн пипер и павлака, па изматете.
Кашкавалот изрендајте го на најситно па измешајте го со смесата.
Брашното помешајте го со прашакот за печиво, па замесете тесто.
Тестото развлечете го во кора 35х25 см, премачкајте со 1/2 жолчка, наросете со сусам, превртете го тестото, па премачкајте го и од другата страна со жолчка и наросете со сусам.
Тестото исечете го на ленти па хоризонтално накосо за да добиете ромбови.
Исечените соленки редете ги во плех обложен со хартија за печење, на помало растојание.
Печете на 200 степени додека благо да заруменат, не смеат да потемнат. Оставете да изладат па послужете.
coolinarika.com