“Она што ме следеше цели 10 години конечно заврши, исчезна, бидејќи ги открив своите непријатели!” – раскажува Жане (57).
“Имав нормален живот и за тоа секогаш фала му на Бога бев благодарна. Ни се укажа можност па со сопругот се преселивме во Данска, каде добро се снајдовме.
Имотот од овде го продадовме, но подоцна пак купивме плац во една населба малку поодалечена од градот и направивме куќа за да имаме каде да се вратиме.
Поради некои социјални примања и станот што го имаме во Данска, таму одиме секои три месеци или по потреба, некогаш почесто. Завршиме што имаме, плаќаме комуналии и пак се враќаме.
Меѓутоа, последните десет години почнаа некои малери да не тераат. Мажот ми падна од кров и се повреди, а раните никако да му оздрават. Јас сум нонстоп нервозна, децата почнаа да не се прибираат дома… дома постојано нешто ни се расипуваше и парите ни се трошеа како во бунар без дно…
Еднаш кога се вративме во Данска го најдовме станот ограбен и уништен. Соседите ни велеа дека ништо не слушнале и ништо не виделе, дека не знаат што се случило.
Еднаш ни пукна цевка во дворот, еднаш водата од шахта замрзна, имавме и поплава во дворот а водата се повлече под темели, па проблеми со струјата… проблеми се јавија околу сè. А пари имавме се помалку.
Тогаш за првпат на сопругот му предложив да се иселиме и да продадеме сè од овде, зошто стана неиздржливо.
И за среќа, пред два месеци ќерка ми во сталактот за чадори пронајде нешто многу чудно и тогаш клопчето на вистината започна да се одмотува… Свитканото хартивче содржеше влакна, нокти, конци, нешто како земја, смрдеше на леш…
Со ќерка ми се исплашивме и сè фрливме во река. Ги измив рацете и пробав да не се грижам, ама ништо не се смени оттогаш, постојано мислев на тоа.
Тогаш се одлучив да побарам помош и тоа ми беше првпат во животот што сум отишла на гатачка.
Гатачката ми кажа дека соседите не нè сакаат и тоа сите околу нас. Ако, -ми рече таа, -секогаш се љубезни со вас, сепак ви завидуваат на успехот. Но, само на еден од нив сте му трн во окото.
Вие сте му пречка. На местото каде сте направиле куќа тој порано си чувал овци и си ја користел куќата бесплатно. Си имал и дрва кои ги берел.. Сите купувачи успевал да ги одврати со помош на магија, но вас не успеал да ве спречи зошто во тој период сте биле отсутни…
И тогаш гледајќи во картите таа ми кажа уште многу други работи, но да не ја ширам прикаската, дознав што треба да направам за да се спасиме од него и неговата жена.
Веднаш кога започнав да одам во манастир и да правам некои работи за да ја растурам магијата, почнав да забележувам дека постепено несреќите почнаа да се враќаат кај соседот.
Жена му ја удри кола, едвај преживеа…Некоја болест ги фати неговата стока, му испоцркаа… Тој скрши нога, не разбрав како…
Не им се ситам, не ме сфаќајте погрешно, јас не сум таков човек што се сити на туѓи маки. Само сум среќна што моите маки завршија.