Иако голем број од познатите ресторани ширум Балканот неодамна нудат еден деликатес наречен „кох“, искусните „хедонисти“ знаат дека овој десерт е всушност јужноамериканска торта наречена „tres leches“, или како што се нарекува кај нас – „трилече“, малку изменета верзија на старомодниот кох, кој оригинално потекнува од француските градски квартови.




Оригиналниот рецепт за кох од гриз е малку подзаборавен, но сепак сè уште има домаќинства во кои се приготвува овој вкусен „старински“ деликатес за кој не се потребни посебни или скапи состојки, туку јајца, шеќер, гриз и млеко, малку лимон и ванилин шеќер за да мириса поубаво.




Бидејќи кохот буди многу спомени и желба да уживате во добар десерт, рестораните го нудат на менито – иако келнерите ви носат (веројатно подеднакво вкусен) десерт наречен „tres leches“, кој во својот рецепт вклучува мешавина од три различни видови на млеко – обично варено, кондензирано и млечен крем (шлаг/павлака од млеко).




Рецептот за овој вид колачи првпат се појавил на пакувањето од кондензирано млеко во Северна Америка, некаде околу шеесеттите години на минатиот век. За оригиналното тесто на традиционалниот кох, кој потекнува од сиромашните маала во Франција и она што веројатно го вкусивме во детството, потребни се:

ОРИГИНАЛНА ВЕРЗИЈА: 6 јајца, 6 лажици шеќер, 12 лажици пченичен гриз, малку рендана кора од лимон. Од овие состојки се приготвува тестото кои се пече. За преливот се потребни: литар ипол обично млеко, 6 или 8 лажици шеќер ако сакате послатко и кесичка ванилин шеќер.




ЗА ВЕРЗИЈА СО КАКАО (може да се направи како „зебра“ или со мраморен ефект): 3 јајца, 3 лажици шеќер, 3 лажици гриз, 1 лажица брашно, 1 лажица како, малку рендана кора од лимон, 300 мл млеко, 1 кесичка ванилин шеќер (10 г) и шеќер за млекото се става по вкус




ПОСТАПКА ЗА ОРИГИНАЛНАТА ВЕРЗИЈА: Одвојте ги белките и со миксер изматете цврст снег од нив, постепено додавјте го шеќерот и матете додека да се растопи. Потоа додајте ги една по една жолчките, ренданата кора од лимон и на крај гризот.

Откако ќе го додадете гризот споро мешајте со лажица или шпатула, со превртување на смесата. Имајте на ум дека начинот на кој ја правите оваа смеса е клучен за конечниот вкус на кохот, бидејќи од мешањето зависи дали ќе остане воздушест или не.




Смесата полека истурете ја во добро подмачкан и набрашнет плех со средна величина и печете во загреана рерна на 200 степени, приближно половина час (25-30 минути, во зависност од моќноста на рерната). За тоа време млекото и шеќерот треба да се сварат, и на крај се додава кесичка ванилин шеќер.

Топлото млеко треба да се прелие врз врелиот кох. После тоа треба да отстои еден час на собна температура, а потоа добро да се излади во фрижидер. Готовиот кох се служи исечен на поголеми коцки, добро изладен, а искусните домаќинки знаат дека е највкусен ако се направи ден пред послужување.




Ако сакате празнична варијанта на кох, можете да додадете четири до пет лажици какао во прав во тестото, а врз секоја сочна и темна коцка да ставите пудинг од ванила, а одозгора шлаг (или крем со вкус на ванила) и да наросите снегулки од бадеми. Доколку сакате да ја испробате втората верзија и да добиете шарен кох, следете ја следната постапка:




ПОСТАПКА: Одвојте ги белките од жолчките во различни садови. Изматете ги пенасто додека да добиете цврст шам, па потоа една по една додајте ги жолчките непрекинато матејќи со миксерот. Потоа миксерот не ви е потребен. Додајте го гризот, брашното, кората од лимон и полека промешајте со лажица додека да се изедначи.




Одвојте една третина од тестото и во него промешајте го какаото. Калапот за куглоф намастете го и наросете го со брашно, па започнете наизменично да истурате од белиот и кафеавиот дел (или по желба прво белиот, а потоа и вториот, па со стапче направете шари). Протресете и ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени, околу 20-30 минути.

Сварете го млекото и засладете го по желба, додадејте и ванила за мирис и арома. Врелиото млеко полека прелијте го врз топлиот испечен колач. Пресечете го колачот и оставете са се впие млекото. Кога ќе се олади до собна температура, колачот добро изладете го во фрижидер пред послужување.