Потребни состојки:

200 г локум од ружа

200 г кокосово брашно

150 г шеќер во прав

3 лажици лимонов сок

Постапка:

Локумот ситно исечкајте го, па малку изгмечете го со виљушка.

Додадете кокосово брашно и шеќер во прав и сето добро измесете го со раце.

Додадете сок од лимон да се добие мазна и цврста смеса за обликување на топчиња.

Правете топчиња и секое валкајте го во кокосово брашно или кристален шеќер.

Пред послужување ставете ги во хартиени корпички и изладете ги во фрижидер да се стегнат.