Има разни рецепти за непечени колачи, но ова е еден од првите верзии воопшто и може да се приготвува во секој период од годината. Можете да го приготвувате со смрзнато или свежо, сезонско овошје по желба. Еве што ви е потребни:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 300 г плазма или петит кекси, 4 кесики пудинг со вкус на ванила, 2 лажици густин, 12 лажици шеќер, 1 литар млеко, 1 кесичка желатин, 1 пакување од 450 г шумско овошје, 1 прелив за торта (Долчела), 10 лажици шеќер, 500 мл слатка павлака за шлаг
ПОСТАПКА: Намастете правоаголна тепсија (32х24 см) со путер па наредете во еден слој бисквити кратко натопувани во ладно млеко. Сварете го пудингот со густинот во млекото, па оставете да излади.
(Во малку млеко растворете го прашокот за пудинг со густинот, а остатокот од млекото заедно со шеќерот ставете го на оган да зоврие. Штом почне да врие, тргнете го настрана и намалете ја температурата, па додајте го растворениот пудинг и мешајте додека да згусне).
Кога пудингот ќе биде оладен (покријте го со стреч фолија додека се лади или повремено промешувајте го за да не фати коричка), во него додајте ја изматената слатка павлака и измиксајте ги заедно за да се соединат.
Додајте желатин приготвен според упатството на кесичката, па растопен на пареа (или во микробранова печка, откако еднаш набубрил), па уште малку миксајте за да се соедини.
Овошјето ставете го во тенџере и сварете го на умерена температура, па додајте прелив разматен со малку вода (можете да го најдете во секој супермаркет). Кратко ставете на оган да проврие. Изладете 3-4 минути, па прелијте врз кремот и оставете да се стегне и излади.