Иако нејзиниот главен празник е на 9 септември, православната црква на 7 август го празнува успението на Света Ана, мајката на Пресвета Богородица Марија. Денес, верниците одат во манастирскиот комплекс посветен на Света Ана во село Маловишта кај Битола, кое е единствено во рамките на Националниот Парк Пелистер.




Се верува дека овој манастир има чудотворна моќ за двојките кои не можат да имаат деца. Некои и сега го практикуваат обичајот вечерта помеѓу 6 и 7 август да преспијат во манастирот за да добијат пород. Во близина на манастирот има и лековита вода што извира од коренот на една бука. За среќа и здравје се мие со водата и се кажува молитва.




МОЛИТВА ЗА МАЖЕНИТЕ ЖЕНИ УПАТЕНА КОН СВЕТА АНА: Света мајко, која си од Бог одбрана, да станеш мајка на онаа, која ни го роди божествениот Спасител, тебе плачејќи ти се обраќам за твоја моќна помош.

Измоли се за мене кај твојот и мојот Бог за мислост, денес и сите наредни денови од својот живот да бидам чесна, честита, чиста и трезна, вредна, милосрдна и праведна побожна жена.




Таква да останам и секогаш да настојувам да му бидам на својот сопруг верна другарка, на децата да им бидам грижлива мајка и сите мои обврски со Божја помош да ги извршувам и да не згрешам од поголемо или случајно невнимание.




Нека стојат далеку од мене секаква непромисленост, љубомора, пркос, неверство, мрзливост и немарност во должностите. Секогаш пред очи ќе ги имам, моја света заштитничке, твојот примерен живот, па ќе се трудам сè повеќе и мојот живот да биде сличен на твојот. Како што ти на твојот Јоаким, така и јас на мојот маж ќе му правам само добро, а никогаш зло.




Исто како тебе и јас ќе се грижам за мојата куќа и децата. Тие во мене ќе гледаат пример за побожен живот. Измоли ми предрага моја мајко Ана, Божја милост за сите мои одлуки, бидејќи само со моќта Божја ќе можам да го извршам она што по твојот свет пример сум го одлучила. Амин.

Ана беше од коленото Левиево, ќерка на Матан свештеникот. По долг и богоугоден живот се упокои во длабока старост. Праведната Ана била ќерка на Матан, и по татко била од коленото Левиево, а по мајка – од коленото Јудино.




Сопрузите, Јоаким и Ана, живееле во Назарет Галилејски. Тие немале деца до длабока старост и сиот свој живот жалеле за тоа. Тие морале да поднесуваат презир и потсмевања, затоа што во тоа време бездетноста се сметала за cpам. Но, тие никогаш не роптале и само топло Му се молеле на Бога, смирено надевајќи се на Неговата волја.




Еднаш, за време на еден голем празник, даровите кои праведниот Јоаким ги донел во Ерусалим за да Му се принесат на Бога, не биле примени од свештеникот Рувим, кој сметал, дека бездетниот маж не е достоен да Му принесува жртва на Бога.




Тоа го растажило старецот, и тој, сметајќи се за најгрешен од луѓето, решил да не се враќа дома, туку да се всели на пусто место и да живее во осамеништво. Неговата праведна сопруга Ана, дознавајќи на какво понижување бил изложен нејзиниот маж, почнала во пост и молитва, со солзи да Го моли Бога за да ѝ подари дете.




Во пустинското осамеништво и испосништво, за истото Го молел Бога и праведниот Јоаким. И молитвата на светите сопрузи била услишана: на обајцата, Архангел Гаврил им соопштил, дека ќе им се роди Ќерка, Која ќе ја благословува сиот род човечки.

По наредба на Небесниот Гласник, праведните Јоаким и Ана се сретнале во Ерусалим, каде по ветувањето Божјо, им се родила Ќерка, наречена Марија. Света Ана пoчинала на 70 години, две години после воведувањето во храмот на Пресвета Богородица.




Света Ана била ќерка на свештеникот Метан. Со својот маж Јоаким 50 години живеела бе деца, а потоа во подоцнешните години ја родила Марија, Пресвета Богородица. Јоаким со години бил скршен од болка поради тоа што нема деца со Ана, а приказната вели дека во една прилика отишол во пустина каде што со денови тагувал. Еден ден, му е укажал ангел кој му рекол дека господ ќе го благослови со дете, а подоцна истиот ангел го видела и Ана .

Кога им се родила ќерката Марија, Ана и Јоаким му ветиле на Господ дека детето ќе му го посветат на храмот. Затоа се верува дека луѓето со ова име се среќни и носат позитивни животни промени.