Марина Дојчиновска остава траен белег во македонското новинарство со својата авторска емисија Македониум.

Негувањето на традиционалните вредности и потсетувањето на исконското ни се толку потребни во овие модерни времиња во кои владее законот на посилниот и систематски се бришат и асимилираат историите на помалите народи.

Марина отиде чекор понатаму, ги пронајде нашите предци во едни далечни предели и успеа да ја поврзе историјата, историјата на Македонците која е милениумска.

Сепак, ние во ова интервју со Марина ќе се обидеме да дознаеме некои за нас интересни податоци за Хунзите, поврзани со нивната исхрана, начинот на живот и секако, нешто што е сега особено актуелно, благодарение на Марина Дојчиновска, а тоа е Хунза маслото од семки од кајсии:

Марина Дојчиновска: Начинот на исрана на Хунзите е многу едноставен. Го јадат она што им го дала мајката природа таа година. Во текот на летото и есента, тие собираат се што подариле хималајските Богови-како плод, како жито, како зрно или како семка.

Се собираат, дури и лисјата од дрвјата наесен, за да се најде во зима…

Едноста со природата-како поглед на свет, кај Хунзите се отсликува во секојдневниот начин на живот,но и нивните правила или непишани закони-природата не смее да се повредува…па дури и мало дете кое ќе скрши гранка од

живо дрво-наидува на прекор, осуда…зошто тоа кај нив е недозволиво…

Што јадат Хунзите?

Прво-се што јадат има неспоредлив вкус и квалитет во однос на нашите продукти.

Наутро обично појадуваат леб, масло од семка на кајсија и чај-обично зелен хималајски чај.

Кога велам леб, мислам на погача направена од неколку видови житарици, кои смелени во воденици какви што и овде имало во минатиот век, го задржуваат вкусот на вистинските стари семиња и го даваат специфичниот неповторлив мирис на Хунза лебот…а тој неповторлив вкус не сакате да го намалите и да го мешате со други вкусови.

Па, најобичниот појадок со три неповторливи вкуса-леб, масло од кајсија и чај, за нив е традиција и секојневно започнување на денот што после појадокот веќе го добил својот вкус, мирис и убав почеток.

Хунза лебот е многу популарен на сајтовите за здрава храна од западна провиниенција, дури го препорачуваат и како диета за слабеење во САД, но нудат рецепти како да го направите што немаат врска со вистинскиот Хунза леб, кој е необичен заради фактот што се прави без квасец и како што велат-не дебелее…

За ручек јадат ориз, турлитави исти како нашите, дури и со бамји, ама без месо (месо јадат многу ретко, најчесто пилешко), разни видови гравчиња и леќи, компир и.т.н.

А вечерата е исто така многу едноставна…мене обично ми приготвуваа палачинки со масло од семка на кајсија…

Да не ја заборавам ВОДАТА која ја пијат -навистина уникатно откритие за мене првпат во Хунза беше нивната ВОДА.

Ја викаат глечерско млеко, зошто ја добиваат од хималајските глечери стари милиони години, а бојата на водата е сива – зошто глечерот над Хунза бил од сивите глечери…оние нај, најстарите…

НМД: Дали се заинтересира, односно дали дојде до податок за нивните евентуални заболувања. Дали се тоа оние вообичаените кои се присутни и на нашите простори како дијабетесот, срцевите заболувања, туморите или со оглед на нивниот начин на живот некои поинакви?

Марина Дојчиновска: Бидејки тие краишта од Азија долго време биле британски колонии, документирани се записи на мед екипи кои престојувале три години кај нив, забележувајки го феноменот дека за три години-никој не дошол да се пожали на било каква болест, забележани се два случаи кога пружиле медицинска помош-скршеници при паѓање од дрва…

НМД: Кој е нивниот животен век, доживуваат ли длабока старост?

Марина Дојчиновска: Хунзите се ФЕНОМЕН за добро здравје и долговечност-зошто повеќето од нив ја надживуваат стотата.

НМД: Дали исхраната на Хунзите се базира на сопствено, домашно производство или и кај нив увозот на храна е доминантен?

Марина Дојчиновска: Кај Хунзите се знае редот-секое семејство има куќа, градина, неколку овошки во дворот и неколку животни.

Секое семејство е самоодржливо-сами произведуваат се што им е потребно…но тоа се луѓе на кои не им треба многу за да бидат благодарни на Бога.

Затоа биле и се-единственото бескласно општество на светов.

Увозот на производи кај нив не е едноставен, заради непристапноста на теренот на тоа хималајско Кралство, а така е и денес…

НМД: Марина, како дојде на идеја да го увезеш во Македонија Хунза маслото, односно, толку ли е популарен овој еликсир кај Хунзите?

Марина Дојчиновска: Маслото од семка од кајсија го открив уште при првата средба со Хунза.

Тој необичен и егзотичен вкус го памтев долго по враќањето оттаму,а особено откако ги потрошив последните капки што ги зедов наваму.

Кај нив маслото го викаат Хани-е-делл,и тоа е дел од нивната култура.

НМД: Дали имаше можност да се запознаеш со процесот на производство на Хунза маслото?

Марина Дојчиновска: Го прават РАЧНО,и во тоа е неговата уникатност и оригиналност, а процесот на цедење на семките на кајсијата за од нив да се добијат неколку капки масло, е навистина уникатен.

НМД: Дали Хунза маслото се произведува од вообичаените сорти на кајсии или таму виреат некои специфични?

Марина Дојчиновска: Велат дека рецептурата за правење на маслото е стара со векови и се пренесува како традиција,а најинтересниот дел од приказната е убедувањето на Хунзите дека семките за  првите кајсии на Хималаите ги донесле нивните предци од прататковината Македонија.

Патем, во гробницата на Клеопатра се пронајдени неколку керамички садови полни со масло од кајсија…што укажува на фактот колку тоа било скапоцено во античките времиња.

Негата на кожата  бил секојдневен ритуал на жените во тоа време, а маслото од семки од кајсија омилен и достапен препарат кој дава природна УВ заштита.

НМД: За крај, Марина, дали научи и дали би сакала на читателите на НМД.мк да им пренесеш некој специфичен рецепт кој е особено популарен кај Хунза народот?

Марина Дојчиновска: Ако во неколку капки масло од кајсија, додадете неколку капки лимонов сок, добивате маска за лицето која се нанесува навечер, пред спиење.

Ја оставате да делува во текот на ноќта, а утредента откако ке се измиете, кожата е помазна, посјајна и ревитализирана.

Разговорот го водеше:

Петар Попоски

NMD.mk