ТЕЛЕВИЗОР КОЛАЧ, звучи смешно, но кога ќе го пробате, нема да ви текне на ниеден друг, така се шегуваше баба ми. Татко ми секогаш ѝ се смееше на баба ми кога ќе речеше дека направила „од телевизорот.“

КОЛАЧ со бело чоколадо и мека кора, редењето на филовите е многу лесно. Овој рецепт за богат колач со 3 филови го освои моето семејство. Рецептот за првпат го дознав во 2012 година, а оттогаш го споделив со многумина.




Можеби името на колачот изгледа смешно, но навистина колачот изгледа на телевизор кога ќе пресечете едно парче од него. Старите често се шегуваат кога ќе се спомне овој колач велејќи: „Програмот го бирате по желба“.

Сакаат да речат, можете да ги комбинирате филовите на кој начин и да посакате. А јас ќе ви покажам како јас го правам колачот за да не се преклопуваат филовите еден со друг. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА КОРА: 300 г брашно, 100 г маргарин, 100 г шеќер, 1 лажица какао, 1 јајце, 1 лажичка прашок за печиво, 3 лажици млеко. За бисквит: 5 јајца, 5 лажици шеќер и 5 лажици брашно.




И уште за кремот ќе ви бидат потребни: 2 пудинзи од ванила, 700 мл млеко, 200 г шеќер, 2 лажици брашно, 300 г масло или маргарин, 100 г бело чоколадо и уште 2 лажици масло.




ПОСТАПКА: Во еден подлабок сад скршете го јајцето и изматете го со виљушка. Додајте го шеќерот, маргаринот, какаото и млекото. Соединете се во еднолична смеса. На крајот постепено додавајте брашно измешано со прашокот за печиво.




Замесете ровко тесто и поделете го на два еднакви делови. Тестото развлечете го на хартија за печење со големина од 20х30 см, па ставете го во рерна на 170 степени околу 15 минути да се испече.




За бисквитот: Одделете ги белките од жолчките. Изматете ги со миксер белките и шеќерот и формирајте пенаста смеса. Кога ќе се соединат постепено додавајте една по една жолчка и лажица по лажица брашно додека сè уште матите со миксерот.




Исто и оваа кора излејте ја во плех обложен со хартија за печење и печете во претходно загреана рерна на 170 степени додека да добие светла боја, околу 15-тина минути оптрилика. За кремот: во млекото сварете го пудингот со шеќерот и брашното.




Сварете пудинг со посакуваната густина, па кога ќе се излади додајте го маргаринот и вмешајте го во смесата. Начин на филување: На првата чоколадна кора од ровкото тесто се премачкува со половина од кремот и одозгора се става белиот бисквит.

Потоа премачкувате со втората половина од кремот и најгоре ја ставата втората половина од чоколадната кора. Белото чоколадо растопете го заедно со 2 лажици масло и прелијте како фил врз колачот. Ставете го колачот во фрижидер да се стегне најмалку 2 часа. / Линда / Сoolinarka.com