Ако ги сакате „pycките капи“ тогаш дефинитивно овие колачи ќе ги обожавате. Евтини се и многу лесно и едноставно се приготвуваат. Може да ги приготвувате во калапи за мафини со хартиени кopпички, или едноставно да испечете една голема кора, да вадите тркалца и да ги лепите како сендвич. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 јајца, 120 г шеќер, 1 кесичка ванилин шеќер (8 г), 70 мл масло, 70 мл млеко, 8 супени лажици брашно, 1 кесичка прашок за печиво (8 г). ЗА ФИЛ: 450 мл млеко, 1 жолчка, 50 г шеќер, 2 лажици скроб/нишесте/густин, 1 лажица брашно, 1 кесичка ванилин шеќер (8 г), 10 г несолен путер/маргарин (околу 1 супена лажица)
ПОСТАПКА: Во длабок сад пенасто изматете ги јајцата со шеќерот и ванилата. Со миксерот матете околу 8-10 минути додека шеќерот целосно да се растопи, а јајцата да згуснат како крем. Потоа во тенок млаз додајте го маслото, а потоа и млекото.
Матете уште некоја минута додека смесата да се хомогенизира. Потоа низ сито додајте го прашокот за печиво и брашното, па промешајте додека да се изедначи смесата и да нема грутчиња.
Излејте ја во големиот тенок плех од рерна, претходно обложен со хартија за печење и со четка премачкан со масло во тенок слој. Израмнете и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени околу половина час. Кога е печена, кората оставете ја настрана да излади.
ЗА ФИЛ: Во едно тенџере ставете го млекото, жолчката од јајце, шеќерот, скробот и брашното. Изматете додека да се растворат сите состојки, да нема грутчиња. Ставете на оган и варете исто како пудинг, со непрекинато мешање.
Кога ќе започне да зовриева и да згуснува, додајте го ванилиниот шеќер и путерот, па промешајте уште малку и тргнете настрана. Оставете да се олади со повремено промешување за да не се формира коричка.
Од кората со калапи вадете тркалца. Во средината од секое тркалце ставете фил, па поклопете одозгора со друго тркалце. Секој „сендвич“ со лажичка премачкајте го од страните со малку фил, па валајте го во мелени ореви или кокос.
Одозгора ставете уште малку фил, па декорирајте по желба. Доколку смесата ја печете во калапи за мафини, тогаш ќе имате само една кора како основа, а врз неа фил со декорација. Деталите погледнете ги ОВДЕ.