Целата е со креамасти пудинзи, се топи во уста!

Потребни состојки:

6 јајца
6 лажици шеќер
3 лажици масло
1 лажица какао
2 лажици презла
3 лажици брашно
1 прашок за печиво

Крем:

15 лажици шеќер (5+5+5)
1,5 литар млеко (500 мл+500 мл+500 мл)
2 пудинзи од ванила
2 пудинзи од лешник
2 пудинзи од чоколадо
250 г путер/маргарин

За глазура:

100 г чоколадо за готвење
250 мл слатка павлака (хопла)

Постапка:

Изматете ги белките, додадете шеќер, жолчки, масло, презла, какао, брашно и прашок за печиво. Печете 30 минути на 150 степени.

Крем: Измешајте 5 лажици шеќер и 2 пудинзи од ванила со малку млеко одвоено од 500 мл млеко.

Остатокот оставете го на оган да зоврие, па сварете крем. Истото направете го со пудинзите од лешник и чоколадо.

Значи, секој вид на пудинг се приготвува од 500 мл млеко и 5 лажици шеќер. Путерот поделете го на 3 дела.

Кога кремите ќе изладат во секој додадете по 1/3 путер. Пудинзите премачкајте ги преку кората, а боите редете ги по ваша желба. Одозгора ставете глазура.

Глазура: 250 мл слатка павлака ставете на оган, па кога ќе зоврие тргнете од оган и додадете кршено чоколадо.

Промешајте додека чоколадото целосно да се растопи. Прелијте преку колачот.

coolinarika.com