Потребни состојки:
600 г свежо месо (половина јунешко, половина јагнешко)
2 моркови
2 корен од магдонос
½ главица бела зелка
2- зелени пиперки
8 помали компири
2-3 главици црвен кромид
5 до 6 чешниња лук
2 лути пиперки
10 зрна црн пипер
Малку винска киселина
2-3 домати
100 г бамја
Малку црвен пипер
Сол
Постапка:
Месото се мие и се сече на поголеми парчиња.
Целиот зеленчук се мие и се чисти. Морковот и магдоносот се сечат на тркалца, зелката на парчиња, доматор, пиперката и излупениот компир на поголеми парчиња.
Кромидот се сече на четвртинки, а лукот само се лупи.
Месото и зеленчукот се редат во лонец од 4-5 литри (најдобро е во глинено грне) па се залива со ладна вода.
Може да се додаде и малку грашок и 2-3 мали феферончиња за подобар вкус.
Лонецот не смее да биде наполнет до врв, а вода се налива до половина на лонецот.
Потоа се додава црн пипер, сол, оцет, црвен пипер (може и малку масло ако месото е мускул – ќе биде доста повкусно).
Лонецот/грнето добро се прекрива со масна хартија(пергамент) и цврсто се врзува.
Хартијата се пробушува со игла на неколку емста и лонецот се става на тивок оган да крчка 3-4 часа