Потребни состојки:
20 кг свинско месо од плешка (месото мора да биде зрело, свињата не смее да биде млада)
5 кг грбна сланина (од свиња)
зачини (процентот оди на количина мелена смеса)
1% црвен пипер (ако сакате колбасите да бидат малку лути, тогаш ставете 0,8% сладок пипер и 0,2% лут пипер). Најдобро е ако имате домашен.
1% лук
1,8% сол
Свински црева за колбасите
Постапка:
Месото, сланината и лукот сомелете ги. Пиперот и солта распоредете ги низ месото и сето добро измешајте го. Мора да внимавате смесата надекаде добро да биде измешана.
Со месото полнете ги цревата и сушете ги на 4-5 дима (секој втор ден), значи вкупно 8-10 дена и после колбасите оставете ги во димница, да се издимат и добро да се исушат.
coolinarika.com