Брзо, супер вкусно и совршено изненадување за неделно попладне во семејниот топол дом – КИНДЕР ОБЛАНДИ!

Потребни состојки:

3 листови обланда

100 г чоколадо за готвење

250 г путер/маргарин

800 г шеќер

600 г млеко во прав или соја млеко во прав

Постапка:

Направете шербет од 200 мл вода со шеќер како за слатко.

Посебно со миксер изматете го путерот, додадете млеко во прав и соединете ја смесата.

Врелиот шербет додадете го во путерот со млеко во прав и добро измиксајте.

Поделете на два дела и во еден додадете го растопеното чоколадо.

Оставете да излади а потоа филувајте: обланда – црн фил, обланда – бел фил и ставете лист обланда. Изладете во фрижидер.

recepti.com