Меки кифлички: овој рецепт е закон за кифли – меки како душа!

Потребни состојки за тесто:

1 кг брашно

300-400 мл млеко(за почетници доста е 300мл)

200 мл вода

100 мл јогурт

200 мл масло

1 прашок за печиво

1 коцка квасец

1 лажичка шеќер

1 лажичка сол

За премачкување:

1 матено јајце 

Сусам за наросување одозгора

За слатко полнење:

Нутела или џем по желба

За солено полнење (за 16 кифлички)

100 г свежо сирење

1 јајце

1/2 лажичка вегета

Постапка:

1.Квасецот издробете го, додадете шеќер, лажица брашно и малку млако млеко. Измешајте и оставете да се активира.

2.Во просеаното брашно додадете прашок за печиво, лажичка сол, промешајте, направете дупче во кое прво го ставате квасецот а потоа и останатите состојки.

3.Со спирални маталки измиксајте тесто во топка која сама се одвојува од ѕидовите на садот. Поклопете и оставете околу 30 мин да се дигне.

4.Тестото истресете го на работна површина и поделете го на 8 еднакви дела. Секој дел исукајте го во круг, па исечете 8 тријаголници (1/2, 1/4, 1/8).

Со рацете секое парче малку развлечете го притискајќи во страна за да бидат малку пошироки а на врвот подолги. Сега тој малку проширен врв засечете го надолжно 3 см двапати (I I)

5.Долу на широкиот дел ставете фил по желба.

6.Со двете раце фатете ги долните краеви, превртете преку филот и лесно притиснете со прстите така да добиете перниче од филот.

Понатаму лесно истркалајте кон горе и кога ќе ја ставате кифличката во тепсија обложена со хартија за печење, малку свиткајте кон себе. 

Премачкајте ги со матено јајце и наросете со сусам и крупна сол.

7.Печете на 200 степени додека да добијат убава боја.

coolinarka.com

Претходна статијаКнедли од гриз за супа – меки како душа, најдобриот рецепт
Следна статијаНајвусните обланди во цел свет – за само 20 минути: рецептот е вистинско богатство!