Дома многу ми ги сакаат, едноставно се приготвуваат и не се распаѓаат. Не ви е потребна вага за мерење.
Потребни состојки:
1 јајце
4 супени лажици масло
8 супени лажици гриз
Малку сол
Важно: користете иста лажица како мерка – колку собира масло во лажицата, толку ќе ставите гриз. Значи 8 рамни лажици, а не преполнети.
Постапка:
Изматете го добро јајцето со виљушка, додадете масло, сол по вкус, гризот и добро изматете.
Измешајте и почекајте минутка-две, може ќе ви се чини ретко, но треба само малку да почекате, гризот да впие.
Сварете ја супата која не смее силно да врие, туку само малку на умерена температура, па ставајте мали кнедлички зошто многу нараснуваат!
Користете кафено лажиче.
Варете 5 минути, изгасете го шпоретот, поклопете и кога ќе нараснат готови се.
Ситно сечкан магдонос поросете одозгора и уживајте во прекрасниот вкус.
Коментар на Маре Димоска: “prekrasni se, jas namesto maslo stavam edna lazica puter, i plus malku sitno seckan magdonos, imaat mnogu ubav vkus, gi obozavam.”
coolinarka.com