Потребни состојки:
16 јајца
400 + 100 г чоколадо за готвење
100 г млечно чоколадо
1 литар млеко
8 лажици масло
2 прашок за печиво
20 + 6 лажици шеќер
250 г путер
3 пудинзи од чоколадо
16 лажици брашно
Постапка:
Изматете 4 белки со 5 лажици шеќер во цврст снег, потоа додадете 4 жолчки, 1/2 прашок за печиво, 2 лажици масло, 4 лажици брашно и сето изматете го со миксер, а потоа додадете во смесата и 100 г растопено чоколадо.
Печете во плех обложен со хартија, на 200 степени.
Постапката повторете ја уште трипати, за да добиете 4 кори.
За фил: нешто помалку од 1 литар млеко ставете на оган да се готви, а пудинзите и 6 лажици шеќер изматете ги со малку млеко и додадете во зовриеното млеко на шпорет.
Постојано мешајте да не загори, па додадете 100 г млечно чоколадо и 100 г чоколадо за готвење. Оставете филот да излади, па додадете изматен путер.
Секоја кора премачкајте ја со фил, а последната кора премачкајте ја со чоколадо и одозгора украсете со сечкано чоколадо.