Нема поубаво кога куќата ќе замириса на топол домашен леб или погача. Овојпат ќе ви претставиме два кратки и многу едноставни рецепти за мека погача. Во едниот се става јогурт, а во другиот кисело млеко, па изборот останува на вас.




Тестото и во двата рецепти е меко, нека не ве чуди тоа, но крајниот резултат кога ќе се испече е феноменален. Еве што ви е потребно: ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (рецепт 1): 2 јајца, 200 мл јогурт, 230 г брашно, 130 мл сончогледово масло, половина прашок за пециво, 1 лажичка сол.




ПОСТАПКА: Едно цело јајце и една белка се матат со миксер, се додава јогуртот и 130 мл масло. Во оваа смеса додајте 230 г меко брашно, прашок за пециво и сол и сè измешајте со миксер на најмала брзина.




Плехот за печење од 20×30 cm премачкајте го со масло и посипете со брашно, па истурете ја смесата и рамномерно распоредете. Одозгора премачкјате со изматена жолчка и печете во загреана рерна на 230 степени околу 15 минути. Или печењето прилагодете според вашата рерна. Еве го вториот рецепт на Ивана:




Одлична погача која е мека како памук, мирисна и вкусна, може да ја приготвите за појадок или вечера, а на вашата трпеза ќе се најде за само половина час. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 300 г брашно, 3 јајца, 200 мл кисело павлака, 150 мл млеко, 100 мл масло, 1 прашок за печиво, 1 лажичка сол




ПОСТАПКА: Во подлабок сад ставете брашно, прашок за печиво и сол, па промешајте убаво да се соединат. Додајте ги останатите состојки и убаво промешајте. Нема потреба тестото да го месите, бидејќи тестото е доста ретко, но кога ќе се испече е многу убаво.




Тепсијата намастете ја, па излејте го тестото во неа. Подобро користете помала тепсија, а доколку користите поголема тепсија, погачата ќе биде пониска. Рерната вклучете ја да се загрее на 220 степени, а додека таа се загрева тестото малку ќе одмори (10-тина минути).




Одозгора обично наросете ја со сусам. Ставете ја погачата да се пече во убаво загреаната рерна, додека убаво да се зарумени. Печената погача оставете ја 5 минути да се подизлади и можете да почнете да ја јадете.

Послужете ја топла со кајмак, домати, младо лукче… Уживајте во вкусот! Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.