Рузмаринот е зачин со освежителен мирис кој на јадењата им дава богат вкус, ги подобрува и ги прави поздрави. Неговото масло исто така многу се цени поради својата ароматичност во кулинарството, но и поради одличното дејство врз здравјето на кожата.




Маслото од рузмарин е едно од најпопyларните етерични масло поради широката палета од здравствени бенефити. Рузмаринот е одличен за јакнење на организмот, а веќе многу одамна се користи како зачин во кујната, за подготовка на козметички производи и како природен лек.




Се користи за ублажување и лекување на следниве состојби: cтpec, слабо памтење, лоша циркулација, намален имунитет, алергија, настинки, целулит, првут, алопеција (опаѓање на косата) и многу др.




Домашното масло од рузмарин (мацерат) е многу поевтино за изработка, а исто така поседува лековити својства како и етеричното масло, но, со нешто послаб интензитет. За да го приготвите овој мацерат потребни ви се свеж рузмарин и некое масло по ваш избор (колку поквалитетно, толку подобро).




РЕЦЕПТ: Се препорачува домашен свеж рузмарин, а можете да си го наберете и од Медитеранот кога ќе бидете на одмор во текот на топлите месеци. Берете ги врвовите од мледите гранчиња, а потоа отстранете ги дрвенестите гранчиња.




Доколку на рузмаринот има прашина, темелно исперете го со ладна вода, а потоа распоредете го во тенок слој на чиста ткаенина и сушете го цел ден на сонце. За успешно приготвен мацерат билката мора да биде сува без влага во неа, во спротивно може да се појави мувла. Ако е потребно, сушете го два дена, додека да бидете сигурни дека во него нема влага.




Една чиста стаклена тегла претходно стерилизирана, наполнете ја со иглички од рузмарин, а потоа прелијте ги со масло по избор. Најдобро е да користите ладно цедено девствено масло, но доколку го користите само за надворешна употреба може да користите какво имате.




Од врвот на теглата оставете да има еден прст слободен простор. Цврсто затворете ја теглата и добро протресете ја. Потоа теглата оставете ја на некое сончево или топло место каде треба да отстои 40-тина денови со повремено протресување и отворање на теглата за да се провери и да излезе евентуалната влага од нега. По отворањето, теглата треба повторно добро да се затвори.




Кога е готов маслото процедете го низ двојна газа или ситна цедалка и добро притиснете за да излезе што повеќе. Складирајте го во темно стаклено шише (или завиткајте го во алуминиумска фолија) и чувајте го на темно и ладно место, најдобро во фрижидер. Рок на траење има околу 6 месеци.




УПОТРЕБА: Со маслото се маcиpaат зафатените области од артритис, ревматизам, воспаление на мускули или зглобови, а при главоболки се мачкаат слепоочниците. Се мачкаат нозете при тегоби на „тешки“ нозе или при какви било други тегоби. Поттикнува циркулација, па совршено делува при постоење на слаба циркулација.




Исто така, маслото од рузмарин се покажало како многу ефикасно за отстранување на целулитот доколку се мачка на зафатената област, неколку дена неделно. Притоа, мacажата треба да биде лесна а не силна и постепено да се поттикнува разградбата на целулитот и мacните нacлаги.

Маслото од рузмарин може да помогне при проблеми со дигестијата за ублажување на подуеност и грчеви во стомакот, како и при опстипација. Се користи и за нега на сува и оштетена коса, како и при постоење на првут или алопеција. Се мачка и масиpа коренот на косата разблажено или додадено во шампонот.