Рецепт на Грозданка. Едно од задолжителните јадења на велигденската трпеза е „дроб сармата“ која се приготвува од јагнешки дробови и други внатрешни opгани, а се витка во марамица. И ако не можете да си дозволите да купите јагнешко месо, речиси секогаш во месарите има комплети за дроб сарма кои не се толку скапи како месото.
![]()
![]()
![]()
![]()
Ако сте имале баба на село, сигурно се сеќавате на таа арома и прекрасниот вкус на џигерот од сармата. Па, ние го чуваме рецептот од ова магично јадење си иситнет дроб, а сега ќе го споделиме со вас. Еве како да направите маестрална рустикална сарма за црн дроб:

![]()
![]()
![]()
![]()
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 комплет (околу 1 кг) јагнешки бели и црни дробови и срце, 2 поголеми јагнешки марамици (или повеќе помали), 10 парчиња млад кромид, малку магдонос, малку ориз (1-2 раце, по желба и вкус), вино, оцет, лимонов сок, масло, сол, црн пипер, вегета, ловоров лист, 4 јајца, 300 мл кисело млеко
![]()
![]()
![]()
![]()
ПОСТАПКА: Најпрво марамиците убаво измијте ги со ладна вода и ставете ги во некој подлабок сад, прелијте ги со ладна вода и околу 40 мл алкoxoлна киселина, па вака оставете ги да отстојат во фрижидер неколку часови, а може и преку цела ноќ.

![]()
![]()
![]()
![]()
Потоа добро исплакнете ги марамиците и спремни се за подготовка. Додека марамиците стојат во водата со оцетот, ставете ги џигерите да се варат во вода во која сте ставиле околу 40 мл ракија.

![]()
![]()
![]()
![]()
Кога дробовите се сварени извадете ги настрана и оставете да се оладат. Од белите дробови извадете ја тенката опна-кожичка, а потоа сè исечкјате колку што можете поситно, на мали коцкички.





Младиот кромид ситно исечкајте го, па на малку масло запржете го истовремено со ситно сечканиот џигер. Зачинете по желба: сол, црн пипер, зеленчуков зачин (вегета), ловоров лист. Додајте сок од лимон и малку вино за да крчка, по сопствен вкус. Кога добро ќе се пропржи додајте малку испран и исцеден ориз, промешајте и филот е готов.
![]()
![]()
![]()
![]()
Сега, со помош на марамиците виткајте го филот како сарми (може да користите и шолја за кафе, кутлача и слично, во зависност од тоа колку големи сакате да ви бидат сармите. Притоа мора да внимавате марамиците да бидат целосни и да не се искинати и да нема дупчиња низ кои би излегувал филот. Ако е многу тенка марамицата може да ја ставите во два слоја.
![]()
![]()
![]()
![]()
Вака приготвените сарми наредете ги во тава (најдобро земјена или каква имате), посолете со малку вегета и залијте до половина со вода. Поклопете ја тавата и на тивко крчкајте ги сармите околу 2 часа или повеќе, повремено поливајте ги со постоечката течност за убаво да се потпечат.

![]()
![]()
![]()
![]()
Печени се кога ќе добијат убава румена боја и течноста ќе испари. Во подлабок сад добро изматете ги јајцата заедно со киселото млеко, па прелијте ги сармите одозгора и допечете ги. Дроб сармите послужете ги со овчо кисело месо.
































