Овие вкусни и брзи крофнички се меки и воздушести, а јогуртот во тестото ги прави да бидат уште понежни од што се. Но, вкусот од ванилата им дава една одредена специфичност, бидејќи не само што се вкусни, туку се и многу мирисни. Еве што ви е потребно:
![]()
![]()
![]()
![]()
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 јајце, 1 јаболко, 2 супени лажици шеќер, 0,5 лажичка сол, 125 г густ „грчки“ јогурт од ванила (како замена може да користите кисела павлака со 1 лажичка ванилин екстракт), 3 супени лажици масло, рендана кора од портокал, 5 г прашок за печиво (0,5 кесичка или 1 мала лажичка), 250 г брашно. ЗА НАРОСУВАЊЕ: шеќер и цимет
![]()
![]()
![]()
![]()
ПОСТАПКА: Во еден подлабок сад скршете едно јајце, па додајте половина мала лажичка сол и две супени лажици шеќер, па убаво изматете со жица-маталка додека шеќерот да започне да се растопува во јајцето.

![]()
![]()
![]()
![]()
Потоа додајте 125 г ванила-јогурт, рендана кора од еден портокал (на ситната страна од рендето, само тенкиот портокалов надворешен слој), па повторно изматете додека да добиете хомогена смеса.

![]()
![]()
![]()
![]()

Додајте три супени лажици масло и промешајте за да се инкорпорира во смесата. Земете едно јаболко, излупете го, па исчекајте го на ситни коцкички и додајте го во смесата од јајца и јогурт.

![]()
![]()
![]()
![]()

Промешајте и додајте 250 г брашно помешано со 5 г прашок за печиво. Промешајте со лажица или шпатула додека да се впијат течностите во брашното, а потоа замесете со рака за поубаво да се изедначи тестото.






Ќе добиете средно меко тесто кое не се лепи за рака. Кинете мали парчиња од тестото, формирајте топчиња, а потоа валајте ги меѓу намастени дланки за да направите мали валјачиња. Формираните валјачиња оставете ги да одморат додека се загрева маслото на умерена температура.

![]()
![]()
![]()
![]()

Спуштајте ги во загреаното масло (1,5 см длабочина) и пржете ги од двете страни додека убаво да заруменат. Ќе забележите дека уште додека се пржат многу убаво мирисаат. вадете ги врз чинија обложена со хартиена салветка, а потоа валајте ги во шеќер помешан со цимет. Деталите погледнете ги во видеото ОВДЕ.
































