Овој рецепт мора да си го направите, без брашно и со малку шеќер. Торта со многу убава бела кора и ванилин крем, а одозгора прелиена со млечно чоколадо и бадеми. Толку е вкусна што сите ќе ви побараат да им исечете едно подебело парче.
![]()
![]()
![]()
![]()
После овој рецепт ќе си ја правите секоја година и тоа баш поради причината дека е многу вкусна. Еднаш мене ми се случи да ја правам во двојна доза бидејќи на сите многу им се допаѓаше и повторно ми ја побараа, а домаќинките веднаш си го запишаа рецептот.

![]()
![]()
![]()
![]()
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА КОРА: 160 г бадеми, 4 белки, сол, 70 г шеќер. За ванилиниот крем: 90 мл хопла (неутрална), 80 г бело чоколадо, 4 жолчки, 15 г шеќер, 10 г густин (нишесте), 80 мл млеко, 50 г путер.
За декорација: 10 г бадеми, 100 г млечно чоколадо и 70 мл хопла (неутрална павлака). ПОСТАПКА: за подготовка на кората најпрво во блендер сомелете ги бадемите на најситно. Тоа може да го направите на двапати доколку не ви ги собере сите во блендерот како на мене.

![]()
![]()
![]()
![]()
Во еден сад издвојте ги белките од жолчките. Започнете да ги матите белките пенасто со миксер и додајте малку сол. Кога ќе почнат да стануваат воздушести постепено додавајте го шеќерот додека да се растопи во нив.

![]()
![]()
![]()
![]()
Во соединетата смеса додајте ги претходно сомелените бадеми и измешајте со шпатула. Во плех со димензии 30х20 см или некој со слична големина поставете хартија за печење и малку премачкајте со масло.

![]()
![]()
![]()
![]()
Излејте ја смесата и добро распоредете но внимавајте да не биде премногу тенка бидејќи ќе ви изгори при печењето. Треба да биде приближно со големина од 1 прст кога ќе се испече. Печете во претходно загреана рерна на 180 степени, 25 минути со повремено проверување, бидејќи може да биде готова и за 15 минути во зависност од јачината на рерната.





По печењето кората се остава малку да се излади и се пресекуваат краевите за да биде рамна. Подоцна овие краеви може да ги користите за декорирање на тортата. Пресечете ја кората на 2 еднакви делови за да добиете две кори.

![]()
![]()
![]()
![]()
Подготовка на кремот: во тенџере ставете да се загрее слатката павлака (хоплата), но внимавајте да не ви зоврие. Потоа додајте го белото чоколадо скршено на коцки и измешајте додека да се растопи, па тргнете од рингла.
Во посебен сад каде што претходно ги издвоивте жолчките изматете ги со миксер додајте им малку шеќер, млеко и густин и измешајте до изедначување.
![]()
![]()
![]()
![]()
Кремот матете го со миксер додека да се стегне, а потоа покријте го со најлонска фолија и ставете го во фрижидер да отстои 1 час. Путерот изматете го пенасто со миксер и додајте го во смесата со бело чоколадо. Убаво измашајте, а по ладењето додајте го и кремот во оваа смеса.

![]()
![]()
![]()
![]()
Се соединува со миксер и се започнува со филување. На првата кора премачкувате половина од кремот, одозгора ја ставате втората кора и премачкувате со втората половина и убаво израмнувате. Ставете ја тортата да излади 30 минути во фрижидер.

![]()
![]()
![]()
![]()
Во меѓувреме растопете го млечното чоколадо со хоплата и почекајте малку да се олади. Извадете ја тортата од фрижидер и наросете ја со сечкани бадеми на четвртинки (или бадемови листови кои може да се купат како такви).
Одозгора премачкајте со чоколадната глазура и вратете во фрижидер да се стврдне уште 1-2 часа. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.











