Home Рецепти Пилешко на овој начин досега не сум пробала: Наједноставниот ручек за 20...

Пилешко на овој начин досега не сум пробала: Наједноставниот ручек за 20 минути

Пилешкото месо е многу вкусно и лесно за подготовка, па затоа многу често е застапено на менито кај луѓето ширум целиот свет. Овојпат испробав нов рецепт и воопшто не се покајав, напротив! За 20-тина минути го приготвив највкусниот ручек со пилешко месо кое сум го јадела досега. Запишете си го рецептот, нема да се покаете. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 парчиња пилешко филе исечено на коцки, сол, оригано, кари, црн пипер, магдонос, 2 јајца, 100 мл неутрална течна павлака за готвење, 1 или 2 компири, малку маслиново масло




ПОСТАПКА: Пилешкото бело месо измијте го со ладна вода и избришете го со хартиена салветка. Потоа исечете го на помали коцки (со големина на залак). Месото посолете го и добро измешајте го со раце за да се распореди солта подеднакво.

<




Исечканото месо распоредете го на дното од огноотпорен сад со средна величина (нема потреба да се намастува садот). Настрана, во подлабок сад скршете две јајца и пенасто изматете ги со жица-маталка како за омлет.




Во изматените јајца додајте 100 мл неутрална, течна павлака за готвење и повторно изматете за да се соединат двете состојки. Во добиената мешавина додајте разни зачини по вкус, како: оригано, кари, мелен црн пипер, сув магдонос…




Изматете за да се изедначат зачините рамномерно. Со оваа смеса прелијте го месото и добро измешајте го за да се распореди рамномерно во сосот. Одозгора наросете малку маслиново масло, околу 2-3 лажици.




Еден поголем компир или два помали излупете и исечете на тркалца со денелина од 3-5 милиметри (како за мусака). Тркалцата компир наредете ги одозгора врз месото, не преммногу густо, но да се покрие површината.




Половина китка свеж магдонос ситно исечкајте и наросете одозгора. Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени, околу 20 минути. Послужете топло. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.