Ова е нешто лесно, толку едноставно (особено за дамите кои немаат многу искуство во приготвување на комплицирани колачи, ниту време), а толку чоколадно и кремасто…- Рецепт на Гордана. Еве што ви е потребно за овој колач:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1,5 литар млеко, 100 г чоколадо за готвење, 4 пудинг со вкус на чоколадо, 8 лажици шеќер, 300 г петит кекси, 2 ванилин шеќер.




ПОСТАПКА: во 300 мл млеко додајте го прашокот од пудинзите и промешајте за да се изедначи и да нема грутчиња, а остатокот (1,2 л) ставете го на оган заедно со шеќерот и ванилата. Кога ќе зоврие додајте го разматениот пудинг и мешајте додека да се свари згусне.




Во сварениот пудинг додека сè уште е топол додајте го чоколадото искршено на коцки и мешајте додека да се растопи и инкорпорира во пудингот. Во посебен сад искршете ги кексите и прелијте ги со сварениот (топол) пудинг. Добро промешајте да се изедначи.




Смесата излејте ја во калап или плех претходно обложен со проѕирна или алу-фолија и оставете да се олади, најпрво на собна температура, а потоа и во фрижидер. Добро изладениот колач превртете го врз чинија за сервирање и украсете го по желба со чоколадо или шлаг, но не мора. / Coolinarika.com Прочитајте го и вториот рецепт:




(втор рецепт) Чоколаден колач готов за 15 минути без маргарин и без печење, со бисквити и пудинг. За да го приготвите овој колач потребен ви е еден тенок калап кој ќе го обложите со проѕирна фолија, бисквити, пудинг, млеко и шеќер по вкус.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 г турски чоколадни бисквити (или било какви), 2 пудинзи од ванила, 2 пудинзи од чоколадо, 1 литар млеко, шеќер по вкус или според упатството на кесичките од пудинзите.




ПОСТАПКА: еден потесен плех обложете го фолија. Сварете ги пудинзите посебно според упатството (по 2 пудинзи за половина литар млеко). На секој бисквит мачкајте прво пудинг од ванила, па редете покрај ѕидот на плехот по должина. Потоа, преку него редете бисквити намачкани со пудинг од чоколадо и сè така по ред додека да се исполни калапот.




Можете да ги редите и по сопствена избор и идеја. Оставете го во фрижидер добро да излади, па потоа превртете го на долгнавеста чинија за сервирање. Глазура ставете по желба (може чоколадна или да ставите шлаг). Јас се одлучив за шлаг. Сечете го колачот добро изладен. Има одличен кремаст, чоколаден вкус.




Напомена: Доколку користите турски бисквити нема потреба од нивно претходно натопување во течност (чај, млеко) бидејќи овие бисквити се многу меки и веднаш ќе ја впијат влажноста од пудингот. Ќе ви се допадне и третиот рецепт:

(трет рецепт) Брзо и без печење: Врвна чоколадна бисквитна торта готова за 30 минути. Фото и рецепт: Мак63. Фина и едноставна кремаста и чоколадна торта со два кремови: Еднот се прави со чоколадно млеко и чоколадо, а вториот со ганаш крем.




Тортата е готова за половина час. Бисквити можете да користете по желба (јас ја правев со petit-beurre со путер). Наместо темно чоколадо може да користите млечно и шеќер да ставите по вкус). Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 800 г бисквити. ЗА КРЕМ 1: 800 мл чоколадно млеко, 10 лажици шеќер, 1 ванилин шеќер, 250 г путер или маргарин, 200 г темно чоколадо за готвење. ЗА КРЕМ 2: 500 мл слатка павлака за шлаг, 250 г темно чоколадо за готвење, 4 лажици шеќер во прав, 4 лажици мелена бурбон-ванила (или нешто по ваш вкус)




ПОСТАПКА за крем 1: чоколадното млеко, шеќерот, ванилин шеќер, чоколадото за готвење и путерот ставете ги на умерен оган додека да се растопат состојките. Мешајте додека да се соединат, а потоа тргнете од оган и оставете малку да подизлади. Бисквитите искршете ги на поголеми парчиња и ставете ги во поголем сад, па полека прелијте ги со малку подизладениот чоколаден крем.




Земете две дрвени лажици, па убаво промешајте. Смесата излејте ја во плех 25х35 см или тркалезен калап за торта 28 см. Израмнете и оставете малку да излади – 15-тина минути. Во меѓувреме пригответе го вториот крем.

За крем 2: Загрејте ја слатката павлака до пред да зоврие, па прелијте ја преку искршеното чоколадо. Мешајте додека да се растопи целото чоколадо и соедини во крем. Готовиот ганаш крем прелијте го преку приготвената торта. Прво изладете ја на собна температура, па потоа во фрижидер. Следниот ден е готова за послужување. Доколку сакате можете да ја приготвите и со бело чоколадо.