Ако ја фрлите кората од банана во ѓубре, веројатно ќе згрешите. Имено, нутриционистката Сузи Барел истакнува дека лушпата од ова овошје е полна со хранливи материи, вклучувајќи калиум, магнезиум, витамин Б6 и Ц.

„Луѓето треба да знаат за што сè може да се искористи кората од банана“, вели Бурел на својата веб-страница. „Светло-жолтата кора од банана има поголема содржина на антиоксиданти кои делуваат против рак, а зелената кора од помалку зрелата банана е особено богата со аминокиселината триптофан, која е одговорна за подобар квалитет на спиењето, како и скроб кој го промовира здравјето на цревата“, додава таа.




Кората од банана има бројни лековити својства. Изобилува со витамини, минерали и антиоксиданси. Но, најчесто секогаш после јадењето банана, кората се фрла. Искуствата на лечење со кора од банана се бројни.

Кората од банана опфаќа околу 35% од целото зрело овошје и често повеќе се отфрла, отколку што се консумира. Всушност, лушпата од банана не само што е јадлива, туку е и богата со неколку клучни хранливи состојки како калиум, диететски влакна, незаситени масти и есенцијални аминокиселини.




Бананите се најпопуларното тропско овошје во нашиот регион. Толку ги имаме вдомено, што веќе не ги поврзуваме со топлите и егзотичните краеви. За да се одгледува ова овошје, потребно е да му обезбедите температура од 19 степени во текот на целата година. Во овие услови, одледувањето на банани во стакларници е поволно.




Но, исто така треба да се обрати внимание и на влажноста на воздухот. Бананите изобилуваат со многу минерали како: калиум, магнезиум, калциум, бакар, манган, железо, фосфор, цинк и селен. Кога бананите ќе созреат, обезбедуваат и природни шеќери како глукоза, фруктоза и сахароза и многу малку масни киселини. Од витамините, најприсутни се витамин Ц, Б2, Б3, Б6 и фолната киселина.




Во една зрела банана се наоѓаат околу 110 калории, затоа не треба да се претерува со нејзино консумирање за време на диета. Во една банана се наоѓаат дури 3 г диететски влакна. Познатата нутриционистка и диететичарка Сузи Барел препорачува да се конcyмира кора од банана за cлабеење. Таа секое утро подготвува смути од органска кора од банани.




Рецепт за маска за лице: Оваа маска е вистински спас за оние со сува кожа, акни и митисери. Ги ублажува подочниците, флеките и старечките пеги од лицето. Со оваа маска се отстрануваат и најдлабоките брчки, а кожата ќе ви изгледа сјајна и мазна.

Одберете една свежа банана. Плодот изедете го, а внатрешниот дел на кората втријте го на лицето. Правете го ова се додека кората да потемни, тогаш е сигурно дека вашата кожа ги апсорбирала сите нутриенти од бананата.




Држете ја кората на лицето уште половина час, а потоа исплакнете со вода. Применувајте ја постапка трипати во неделата и на овој начин ќе ги отстраните и најдлабоките дамки и брчки од лицето.

Маска за лице со банана, куркума и сода бикарбона: Со супена лажица истружете ја кората од банана од внатрешна страна, а потоа ставете ја во сад и додајте пола лажичка сода бикарбона и пола лажичка куркума. Маската нанесете ја на лицето и оставете да делува 10 минути. Потоа исплакнете го лицето. Оваа маска ги отстранува флеките и старечките пеги.




Кора од банани за нега на пети: Добро истријте го целото стапало со внатрешниот дел од кората на банана се додека кората да потемни. Оставете да делува уште неколку минути, а потоа исплакнете ги нозете со вода. После неколку третмани, кожата на стапалата ќе заблеска и кожата ќе изгледа свиленкасто.




Кора од банани за кожни проблеми: Со внатрешната страна од кората ставете ја директно на проблематичното место на кожата и фиксирајте со завој или фластер. Оставете да делува преку цела ноќ. Практикувајте го методот секоја вечер додека проблемот на кожата да исчезне.

Прва помош при у бод од инсект: Истријте го местото на убодот со кората од банана. Внатрешниот слој на бананата е природен аналгетик, односно ќе ја смири бол-ката и црвенилото.




Избелување на забите со кора од банана: Добро измијте ја бананата. Извадете го плодот и исечкајте мал дел од кората. Со внатрешниот дел истријте го секој заб посебно. После третманот не ги мијте веднаш забите, туку чувајте ја кремастата паста во устата околу 10 минути.

За ѓубрење на цвеќињата: Исечкајте ја бананата на неколку помали делови. Ставете ги во сад со вода и поклопете го садот. Чувајте го садот поклопен три дена, а кога водата ќе потемни, процедете ја. Со добиената течност поливајте ги цвеќињата еднаш седмично.




Остатокот од бананите не го фрлајте. Пресечените делови може да ги ставите помеѓу цвеќињата во земјата, а не само што кората е природно ѓубриво, бананата е и саморазградлива.

Искуство од читателка – Ана: За намалување на температура и главоболка, ставете кора од банана со внатрешната страна на челото и држете додека да помине главоболката и температурата да почне да се намалува.